Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 3

3
Сѐ има свое време.
1Сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време;
2време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото;
3време кога се убива, и време кога се лекува; време кога се урива, и време кога се гради;
4време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра;
5време кога се расфрлуваат камења, и време кога се собраат камења; време кога се прегрнуваш, и време кога се одбегнуваат прегратки;
6време кога се добива, и време кога се губи; време кога се чува, и време кога се растура;
7време кога се раскинува, и време кога се сошива; време кога се молчи, и време кога се зборува;
8време кога се сака, и време кога се мрази; време за војна и време за мир.
9Каква полза има оној што работи од она, над што се труди?
10Ги видов работите, што Бог им ги даде на синовите човечки, за да се мачат околу нив.
11Сето она што Он го направил да биде прекрасно во свое време, и го вложи во срцата нивни, но да не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Он ги врши од почетокот до крајот.
12Разбрав, дека за нив нема ништо подобро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој.
13Кога секој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји.
14Разбрав, оти сѐ, што прави Господ, останува засекогаш; кон тоа нема што да се додава, од тоа нема што да се одзема; а Бог прави така, за да се бојат пред лицето Негово.
15Она што било, тоа е и сега, и она што ќе биде, тоа веќе било, – зашто Бог го враќа она што изминало.
16И уште видов под сонцето: место закон, а таму беззаконие; место правда, а таму неправда.
17И си реков во срцето свое: »Праведниот и нечесниот Бог ќе ги суди, бидејќи таму има време за секоја работа и суд за секое дело.«
18Си реков во срцето свое и за синовите човечки – дека Бог ќе ги испита, и Ќе им покаже оти тие сами по себе се животни,
19зашто сѐ што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – сѐ е суета!
20Сѐ оди на едно место: сѐ произлегува од земјата, и сѐ ќе се врати во земјата.
21Кој знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата?
22И така, јас видов оти нема ништо подобро за човекот, освен да се насладува со делата свои, бидејќи тоа е негов дел; зашто, кој ќе го доведе после да го погледа она, што ќе биде по него?

Селектирано:

Проповедник 3: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност