Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 5

5
Богатството е суета.
1Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара зборови пред Господа; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборовите твои да не бидат многу.
2Зашто, како што соништата доаѓаат при многу грижи, така и гласот на безумниот се познава од многуте зборови.
3Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Он не ги сака безумните: она што си ветил изврши го.
4Подобро е и да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш.
5Не ѝ дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не говори пред Ангелот Божји: »Тое е грешка!« зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре делото на рацете твои?
6Зашто, како во многуте соништа, така и во многуте зборови има суета; но затоа бој се од Бога.
7Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот на правдата, не се чуди на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив – уште повисок;
8но од сѐ покорисна е земјата; и царот на нивата ѝ служи.
9Кој го љуби среброто, со сребро нема да се насити, и кој сака богатство, тој нема да има корист од тоа. И тоа е суета!
10Се зголемува ли имотот – се зголемуваат и потребите негови; и каква корист за сопственикот негов: зар само да гледа со очите свои?
11Сладок е сонот за оној, кој се труди, – па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие.
12Има едно тешко зло, што сум го видел под сонцето: богатство, што се чува за зло на оној, чие е.
13А тоа богатство може да се изгуби во негодно време, па на синот што го родил да не му остане ништо во рацете негови.
14Како што излегол гол од мајчината утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе.
15Големо зло е тоа што оди како што дошол. Каква е, тогаш, ползата за него, кога се трудел залудо?
16А тој во текот на целиот живот јадел во темно, и многу се грижел, ожалостувал и јадосувал.
17Еве уште што најдов за добро и пријатно: да јаде и да пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои се труди под сонцето преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел.
18И, ако на некој човек Бог му дал богатство, и имот и му дал да се ползува од нив, да го зема својот дел и да се насладува од трудовите свои, – тоа е Божји дар.
19Нема долго време да ги помни тој дните на животот свој; затоа Бог и го наградува со радоста на срцето.

Селектирано:

Проповедник 5: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност