Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 2

2
Суетата на насладите, богатството и трудот.
1Си реков во срцето свое: »Ајде ќе те испитам со веселба: уживај во наслади!« Но ете, и тоа беше суета!
2На смевот му реков – лудуваш, и на веселбата – што правиш?
3Си помислив во срцето свое да го насладам телото свое со вино и, додека срцето мое се води по мудроста, да се придржувам и за глупоста сѐ додека да видам, што е подобро за синовите човечки, што би требало да прават тие под небото во текот на малкуте денови на својот живот.
4Презедов големи работи: си изградив куќи, си насадив лозја,
5си уредив градини и садници и посадив таму секакви овошни дрвја;
6си направив водостои за поливање на ливадите, во кои растат дрвјата;
7придобив слуги и слугинки, имав и слуги родени во домот мој; имав и крупен и ситен добиток, повеќе од сите, што беа пред мене во Ерусалим;
8насобрав сребро и залто и скапоцености од цареви и области; си доведов пеачи и пеачки и тоа, што ги насладува синовите човечки.
9И така станав јас поголем и побогат од сите, што беа пред мене во Ерусалим; а и мудроста моја остана со мене.
10Што и да посакаа очите мои, не им откажував, не му забравував на срцето свое никаква веселба, бидејќи срцето мое се радуваше со сите мои трудови; и тоа ми беше дел од сите мои трудови.
11И се обѕрнав, та погледнав на сите мои дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајќи ги: и ете – сѐ беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза под сонцето!
12Потоа се свртив да ги погледам мудроста, безумството и глупоста: што може да направи човек по царот, посебно од она, што е веќе направено?
13И видов, дека предимството на мудроста пред глупоста е токму такво, какво што е предимството на светлината пред темнината:
14на мудриот очите му се во главата негова, а глупавиот оди во темнина; но дознав, дека крајот на сите им е еднаков.
15Тогаш си реков во срцето свое: »И мене ќе ме стигне истото, како и глупавиот; Зошто толку многу сакав да станам мудар?« Па си реков во срцето свое дека и тоа е суета.
16Зашто нема да го помнат мудриот вечно, како и глупавиот; по време сѐ ќе се заборави, и, мудриот умира, како и безумниот.
17Тогаш го намразив животот, бидејќи ми станаа одвратни работите, што се вршат под сонцето; зашто сѐ е суета и измачување на духот.
18И го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што треба да го оставам на човек, што ќе дојде по мене.
19И кој знае: мудар ли ќе биде тој или глупав? А тој ќе располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажал мудар под сонцето. Но и тоа е суета!
20Намислив да му внушнам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел под сонцето,
21зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, – како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо!
22Оти, што му останува на човекот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди под сонцето?
23Бидејќи сите денови му се мачни, а трудивите негови – неспокојство; дури и ноќе срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета!
24И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов, оти и тоа е од Божјата рака;
25зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога?
26Он му дава мудрост, и разум и радост на човека, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, – да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!

Селектирано:

Проповедник 2: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност