Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Амос 2

2
За казната на Моав, Јуда и Израилот.
1Вака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, оти тој ги изгоре коските на царот едомски во вар.
2Па ќе пратам оган врз Моав, и тој ќе ги проголта дворците кериотски, и ќе загине Моав при пораз со шум, при трубен звук.
3И ќе го истребам судијата негов и ќе ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ.
4Така вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поштедам, заради тоа што го отфрлија Законот на Господа и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татковците нивни, ги отклонија од патот.
5И ќе испратам оган врз Јуда, и тој ќе ги проголта дворците ерусалимски.
6Така вели Господ: за трите престапи на Израилот и за четири нема да го поштедам, бидејќи тие продаваат праведен за сребро, и сиромав за две сандали.
7Чезнеа да видат прав земен врз главите на сиромасите, и патот на кротките го искруваа; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име.
8При секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на боговите свои.
9Но Јас ги истребив пред нив Аморејците, чија височина беше како височината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив плодот негов горе, а коренот негов долу.
10Вас, пак, ве изведов од земјата Египетска и ве водев по пустињата четириесет години, за да ја наследите земјата Аморејска.
11Од синовите ваши избирав луѓе за пророци и од младичи ваши – за назореи; зар не е така синови Израилеви? – вели Господ.
12А вие ги поевте назореите со вино и на пророците им заповедавте: »не пророкувајте«.
13Еве, Јас ќе ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја,
14и брзиот не ќе има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој.
15Ни оној, што стрела со лак, нема да се додржи, ниту брзиот ќе избега, ниту пак оној на коњ ќе го спаси животот свој.
16И најхрабриот од храбрите во оној ден ќе избега гол, вели Господ.

Селектирано:

Амос 2: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност