Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 5:25-34

Марко 5:25-34 MK2006

Една жена, што страдаше од крва­вење дванаесет години, и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо, штом чу за Исус, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова; зашто си велеше: „Само ако се доп­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“ И веднаш престана крвавењето, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста. А Исус одеднаш почувствува во Се­бе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“ Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ Но Тој гледаше наоколу, за да ја ви­ди онаа, што го направи тоа. Жената, пак, се уплаши и тре­пе­ре­ше; па, знаејќи што стана со неа, се при­ближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина. А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност