Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 5

5
Исус исцелува од нечист дух
(Мт 8,28-34; Лк 8,26-39)
1Преминаа отаде море, во Гадаринската земја. 2#1,23; Ис 65,4И кога Тој излезе од коработ, вед­наш Го пресретна од гробиштата еден човек со нечист дух. 3Тој живееше во гробовите, и дури и со вериги никој не можеше да го врзе; 4зашто многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше веригите, и никој не можеше да го скроти; 5и секогаш, ноќе и дење, по гро­биш­тата и по ридиштата викаше и се уди­ра­ше со камења. 6Штом Го виде Исус оддалеку, при­трча и Му се поклони. 7#1,1.24; Мт 8,29; Лк 1,32Па, како извика со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“ 8Зашто му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“ 9#Мт 12,45; Лк 8,2.27И го праша: „Како те викаат?“ А тој одговори и рече: „Легија#5,9 Легија е најголемата и основна единица на римската војска, во различно време со различна бројна состојба; во преносна смисла – голем број, мноштво. ми е името, зашто сме многу.“ 10И многу Го молеа да не ги брка од тој крај. 11А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи. 12И Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“ 13И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето. 14А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало. 15#Лк 8,35И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легија, и се упла­шија. 16А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со обземениот од зол дух и со свињите. 17#Дела 16,39И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта. 18#3,14А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесомачен, Го помоли да биде со Него. 19#1,34; 8,26; Пс 66,16; Лк 8,39Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“ 20#Мт 3,1; 4,25Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.
Исцелувањето на болна жена и оживувањето на Јаировата ќерка
(Мт 9,18-26; Лк 8,40-56)
21 # 2,13 А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето. 22И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови 23#Мт 9,18; Лк 4,40; Дела 9,12.17; 28,8и усрдно Го молеше многу, гово­реј­ќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и по­ложи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“ 24И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа. 25#3 Мојс 15,25Една жена, што страдаше од крва­вење дванаесет години, 26и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо, 27#6,56; Мт 14,36; Дела 5,15#3 Мојс 15,27штом чу за Исус, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова; 28зашто си велеше: „Само ако се доп­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“ 29#Дела 19,12И веднаш престана крвавењето, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста. 30#Лк 5,17; 6,19А Исус одеднаш почувствува во Се­бе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“ 31Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ 32Но Тој гледаше наоколу, за да ја ви­ди онаа, што го направи тоа. 33Жената, пак, се уплаши и тре­пе­ре­ше; па, знаејќи што стана со неа, се при­ближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина. 34#10,52; 1 Сам 1,17; 2 Сам 15,9; Лк 7,50; Јк 2,16А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“ 35#Јн 11,21.32Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и ре­коа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“ 36Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“ 37#9,2; 14,33; Мт 17,1И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јо­ван, братот на Јаков. 38Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде растревоженост, пла­чење и силно врискање. 39#Дела 20,10; 1 Кор 11,30; 15,6И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“ 40А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, от­како ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше де­вој­че­то. 41#9,27; Дела 9,40И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Де­војко, тебе ти велам, стани!“ 42И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу. 43#1,34; 7,36; 9,9; Мт 8,4; Лк 9,21А Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да ја­де!“

Селектирано:

Марко 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност