Јас сум човек, кој видов мака од палката на Неговиот гнев; Тој ме поведе и воведе во темнина, а не во светлина. Тој се сврте само против мене и цел ден ме биеше со раката Своја; го исцеди телото мое и кожата моја, ги здроби коските мои; ме загради и ме опколи со горчила и маки; ме постави во темно место, како одамна умрените; ме огради со ѕид, да не можам да излезам, ми направи тешки вериги; и, кога викав и пискав, ја одбиваше молитвата моја; со камења ги прегради патиштата мои, ги попречи патеките мои.
Прочитај Плачот 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Плачот 3:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа