Плачот 3
3
Еремиин плач и утеха
1Јас сум човек, кој видов мака од палката на Неговиот гнев; 2#Јн 8,12Тој ме поведе и воведе во темнина, а не во светлина. 3Тој се сврте само против мене и цел ден ме биеше со раката Своја; 4#Јов 30,30го исцеди телото мое и кожата моја, ги здроби коските мои; 5ме загради и ме опколи со горчила и маки; 6ме постави во темно место, како одамна умрените; 7#Јов 3,23; 19,8ме огради со ѕид, да не можам да излезам, ми направи тешки вериги; 8и, кога викав и пискав, ја одбиваше молитвата моја; 9со камења ги прегради патиштата мои, ги попречи патеките мои. 10#Ос 13,7-8; Јов 10,16Тој стана за мене како мечка во заседа, како лав на скришно место; 11ме истера по беспаќа и ме раскина, ме уништи; 12#Јов; 16,12-13го затегна лакот Свој и ме постави како цел за стрела; 13ги прострела бубрезите мои со стрели од торбата Своја. 14#5 Мојс 28,37; Ер 20,7; Пс 69,11; Јов 30,9Станав потсмев за сиот народ мој, негова секојдневна шега. 15#Ер 23,15; Пс 69,21; Изреки 20,17; Мт 27,34Ме презасити со горчила, со пелин ме напои; 16со камен ми ги скрши забите мои, со пепел ме покри. 17#Ер 16,5Избега мирот од душата моја; заборавив за добри работи 18#Јов 17,15и реков: дотраја животот мој и надежта моја од Господ. 19Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката. 20Душата моја постојано се сеќава на тоа и премалува во мене. 21#Ис 46,8Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: 22#2 Мојс 34,6-7по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; 23тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! 24#Мих 7,7; Пс 16,5; 73,26Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам. 25#Ис 8,17; 25,9; Пс 40,1; 69,7Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара. 26#Ис 30,18Добро му е на оној, кој трпеливо го очекува спасението од Господ. 27Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја. 28#Ер 15,17Сам ќе седи и ќе молчи, бидејќи Господ му го ставил бремето врз него. 29Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж. 30#Ис 50,6; Мт 5,39Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презаситување, 31#Ер 3,12бидејќи Господ не отфрла за навек. 32#Ис 54,8-9; 63,7Пратил ли неволја, Тој и ќе се смилува според Својата голема милост. 33#Ез 33,11Зашто Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги ожалостува синовите човечки. 34#Амос 1,6.9Но, кога ги газат со нозете сите затвореници на земјата, 35#Амос 5,7-10кога неправедно осудуваат човек пред лицето на Севишниот, 36кога му се нанесува неправда на човекот во неговиот спор: зар Господ не гледа? 37#1 Мојс 1; Пс 33,9Кој вели – „Бива и она што Господ не заповедал да биде?“ 38#Ис 45,7Зар не доаѓаат и злото и доброто од устата на Господ? 39#4 Мојс 11,1На што се жалат живите луѓе? Секој за гревовите свои? 40#Ис 55,7; Ер 3,22; Ос 6,1Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се вратиме кај Господ. 41Нека го подигнеме срцето свое и рацете свои кон Бога, Кој е на небесата. 42#Ер 3,25; 8,14; 14,7Ние згрешивме и се противевме, Ти не нѐ поштеди. 43Ти се облече со гнев и нѐ прогони, нѐ умртвуваше, и не нѐ жалеше; 44#3,8Ти се сокри во облак, за да не продре молитвата наша; 45#5 Мојс 28,37; 1 Кор 4,13смет и гнасотија нѐ направи меѓу народите. 46Широко ги отворија устите против нас сите наши непријатели. 47Ужас и јама, пустош и разорение – тоа е делот наш. 48#Ер 14,17Потоци солзи лее окото мое за погибелта на ќерката од мојот народ. 49Окото ми се прелива и не престанува, бидејќи нема одмор 50#Ис 63,15сѐ додека Господ не погледне милостиво и види од небесата. 51Окото мое е причина да страда душата моја заради сите ќерки на мојот град. 52#Пс 35,19; 69,5Постојано се силат непријателите мои да ме уловат како птичка, без никаква причина. 53#1 Мојс 37,20; Ер 38,6Го фрлија во јама животот мој и ме засипаа со камења. 54#Јона 2,4-6; Пс 69,1-2Водата се подигна над главата моја; па си реков – „Загинав.“ 55#Ис 53,8Го повикав името Твое, Господи, од длабоката јама. 56#Пс 130,1-2Ти го чу гласот мој; не затнувај го увото Свое за мојата воздишка и за мојот плач! 57#Ис 41,10-14; Ер 1,8; 30,10Ти се приближуваше, кога ќе повикав кон Тебе, и велеше – не плаши се! 58Ти го заштитуваше, Господи, делото на мојата душа; го избавуваше мојот живот. 59Ти гледаш како ме угнетуваат, Господи; пресуди го делото мое. 60#Ер 11,19; 18,23Ти ја гледаш сета одмазда нивна, сите намери нивни против мене. 61Ти ги слушаш, Господи, навредите нивни, сите намери нивни против мене, 62зборовите на оние, што стануваат против мене, и лукавствата нивни против мене секој ден. 63#3,14; Пс 69,12Погледај, седнат ли, станат ли, јас сум подбивна песна за нив. 64#Ер 51,56Казни ги, Господи, според делата на рацете нивни; 65прати им закоравеност на срцето нивно и проклетсвото Твое врз нив; 66гони ги, Господи, со гнев и истреби ги од поднебјето!
Селектирано:
Плачот 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006