Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 1:9-18

Јаков 1:9-18 MK2006

Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја, а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва; зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзи­ниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат. Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. Не мамете се, браќа мои возљубени. Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Оте­цот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.