Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 1

1
Поздрав
1 # 5,14-15; Рим 1,1; Фил 1,1; 1 Птр 1,1 Јаков, слуга на Бога и на Господ Исус Христос, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени.
Вера и мудрост
2 # 1,12; 1 Птр 1,6 Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, 3#Лк 8,15; Рим 5,3-4; 1 Птр 1,7знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост: 4#1,17; 3,2; Мт 5,48; 19,21трпеливоста, пак, нека биде со­вр­ше­но дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. 5#3,13; Изреки 2,3-6; Јн 11,22Ако некому од вас му недостига муд­рост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде. 6#Мт 7,7; Мк 11,24; Ефес 4,14Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, при­ле­га на морски бран, кого ветрот го издига и растура; 7таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ. 8#4,8Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.
Сиромаштија и богатство
9 # 1 Кор 1,26-29; 11,21-22 Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја, 10#Ис 40,6-8; Пс 102,4.11; 1 Птр 1,24а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва; 11зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзи­ниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.
Човечкото искушение и Божјиот дар
12 # Мт 5,3; Лк 6,20; 1 Кор 9,25; 2 Тим 4,8; Откр 2,10 Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. 13Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, 14#Рим 7,7-8; 1 Јн 2,16-17но секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами. 15#4,17; Рим 5,12; 6,23Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. 16Не мамете се, браќа мои возљубени. 17#Мал 3,6; Мт 7,11; 1 Јн 1,5Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Оте­цот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена. 18#3,14; 5,19; Јн 17,17; Ефес 1,13; Кол 1,5; 2 Тим 2,15; 1 Птр 1,22-25Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.
Да се слуша и извршува словото
19 # 2 Мојс 34,6; Проп 7,9 И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев, 20#2,21-25; 5,16; Мт 5,6.10.20; 6,33бидејќи човечкиот гнев не ја извр­шува Божјата правда. 21#Мт 11,29; Рим 13,12; Ефес 4,22.25; Кол 3,8; 1 Птр 2,1Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души. 22#Мт 7,24; Рим 2,13Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе. 23Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало; 24ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил. 25#2,12.14; Јн 13,17; Рим 8,2; Гал 6,2Но кој ќе се задлабочи во совр­ше­ниот Закон на слободата и остане во не­го, тој, бидејќи не е заборавлив слу­шател, туку извршител кој дејствува, ќе биде блажен во своето дејствување. 26#Пс 34,13; 39,2; 141,3Ако некој од вас мисли дека е по­бо­жен, а не го зауздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата по­бож­ност е суетна. 27#4,4; Ис 1,11-17.23; Ер 5,28; Ез 22,7; Зах 7,10Чиста и непорочна вера пред Бога Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се па­зиш да останеш неосквернет од светот.

Селектирано:

Јаков 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност