Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Агеј 2

2
Славата на идниот храм
1Во седмиот месец, на дваесет и првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј: 2#1,12„Кажи им сега на Зоровавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, и на Исус, Јоседековиот син, првосвеште­никот, и на другиот народ: 3#Езд 3,10-13Кој од вас што останавте, го видел овој храм во неговата поранешна слава, а како вие сега го гледате овој? Не е ли овој како ништо во вашите очи? 4#1,13; Езд 10,4Но охрабри се сега, Зоровавеле, – вели Господ – ободри се, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику, охрабрете се сите народи овде – вели Господ – и ра­ботете, зашто Јас сум со вас“, вели Гос­под Саваот. 5„Како што ви ветив, кога излеговте од Египет, Мојот Дух ќе биде меѓу вас: не плашете се!“ 6#Авак 3,6; Пс 18,7; Евр 12,26Зашто вака вели Господ Саваот – „Уште еднаш – и ете, скоро ќе се случи тоа – ќе ги затресам небото и земјата, морето и копното; 7#Ис 60,7-11; Откр 21,24-26ќе ги стресам сите народи – и ќе дојде богатството на сите народи и ќе се исполни овој дом со слава“, вели Господ Саваот. 8#Ис 60,17„Среброто е Мое и златото е Мое“ – вели Господ Саваот. 9#Ер 33,6-9; Зах 8,12„Славата на овој нов храм ќе биде поголема отколку на поранешниот – вели Господ Саваот; и на ова место ќе му дадам мир“, вели Господ Саваот.
Минатото и иднината
10На дваесет и четвртиот ден од де­веттиот месец, во втората година на Дариј, дојде слово Господово преку пророкот Агеј: 11#Мал 2,7„Вака вели Господ Саваот – прашај ги свештениците за Законот и кажи – 12#Ер 11,15ако некој би носел осветено месо во полата од облеката своја, и со полата би се допрел до леб, или до нешто варено или до вино, или до масло, или до какво и да е друго јадење, дали би се осветило тоа?“ Одговорија свештениците и рекоа: „Не.“ 13#3 Мојс 22,4-7; 4 Мојс 19,22Потоа пак рече Агеј: „Ако некој се осквернил, допирајќи мртовец и потоа би се допрел до тоа, дали би станало тоа нечисто?“ Одговорија свештениците и рекоа – „Ќе стане нечисто.“ 14Тогаш рече Агеј – таков е и овој народ, такво е и ова племе пред Мене, вели Господ, и такви се сите дела на рацете негови! Па што и да принесувате, сѐ ќе биде нечисто. 15#1,5А сега размислете за минатото и за иднината, кога уште не беше положен камен на камен во овој храм Господов, 16#1,6како изгледавте? Доаѓавте до купче од дваесет мери, а имаше само десет; доаѓавте да црпите од каца со зафатнина од педесет мери, а имаше само дваесет мери. 17#Амос 4,9Ве поразував со гламја и со млечка по житата и со град во секое дело на рацете ваши, но вие не се обративте кон Мене, вели Господ. 18Размислете од денес за натаму, од дваесет и четвртиот ден во овој деветти месец, од денот кога беше основан храмот Господов; обратете ги срцата ваши: 19#1 Мојс 49,25; Мал 3,10; Пс 84,6Има ли уште во житниците семе? Досега ни лозата, ни смоквата, ни нарот, ни маслината не даваа плод; а од денес Јас ќе ве благословувам.
Божјо Слово до Зоровавел
20И дојде слово Господово до проро­кот Агеј по вторпат на дваесет и четвртиот ден од месецот, и беше речено: 21#2,6„Кажи му на Зоровавел, управи­телот на Јудеја: ќе го затресам небото и земјата; 22#Суд 7,22; Ез 38,21; Зах 14,13ќе урнам престоли на царства не­знабожечки, ќе превртам бојни коли и оние што ќе седнат во нив, и кутнати ќе бидат и коњите и коњаниците нивни ќе паднат, секој од мечот на својот другар. 23#Ер 22,24; Зах 6,12-13; Пс 78,68Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе те земам, Зоровавеле, сине Салатиилов, слуго Мој, вели Господ, и ќе те држам како печат, бидејќи те избрав.“

Селектирано:

Агеј 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност