Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Агеј 1

1
Прекор поради неѕидање на храмот
1 # Зах 1,1; 3,1-9; 4,6-10; Езд 3,2; 5,1 Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, на првиот ден од месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј до Зоровавел, синот на Салатиил, управител на Јудеја, и до Исус, синот Јоседеков, првосвештени­кот. 2#Езд 5,11-17Вака вели Господ Саваот: „Овој на­род говори: Уште не е дојдено времето, не е време сега да се гради дом Госпо­дов.“ 3И дојде слово Господово преку пророкот Агеј, велејќи: 4#2 Сам 7,2; Ер 22,14„А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е свети­лиштето запустено?“ 5Затоа сега вака вели Господ Саваот: „Преиспитајте ги своите патишта! 6#5 Мојс 28,38; Ер 12,13; Ос 4,3.10; Мих; 6,14-15; Зах 8,10Вие сеете многу, а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоп­лувате; оној што печали пари, ги става во дупнато ќесе.“ 7Така вели Господ Саваот: „Преиспи­тајте ги своите патишта! 8Качете се на планината, донесете дрвја и градете го храмот, и тоа ќе Ми биде угодно, па ќе се прославувам, вели Господ. 9Очекувавте многу, а излегува малку, и што ќе внесете дома, тоа Јас го разнесувам. Зошто? – вели Господ Саваот: Затоа што домот Мој е запустен, додека секој од вас се грижи за домот свој. 10#3 Мојс 26,19-20; Ис 5,6Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови. 11#Ер 4,23-28; Амос 4,7Затоа повикав суша врз земјата, врз горите, врз житото, врз гроздовите, врз маслото и врз сѐ што се раѓа од земјата, и врз човекот и врз добитокот, и врз секој ваш труд.“ 12#Ис 4,3; Зах 8,6.11; Езд 1,4; 9,8.14И Зоровавел, синот на Салатиил, и Исус, синот на Јоседек, и сиот друг народ го послуша гласот на Господ, својот Бог, а и зборовите на пророкот Агеј, како гласник на нивниот Господ Бог, и народот се подуплаши од Господ. 13#Суд 6,12; 2 Сам 7,3; Ис 41,10Тогаш Агеј, гласникот Господов, испратен од Господ, му рече на народот: „Јас сум со вас“ – вели Господ. 14#Езд 1,5; 5,2И Господ го подигна духот на Зоро­вавел, синот на Салатиил, управителот на Јудеја, духот на Исус, синот Јосе­деков, првосвештеникот, и духот на сиот друг народ – и тие дојдоа и почнаа да го градат домот на Господ Саваот, својот Бог; 15а тоа стана во дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на царот Дариј.

Селектирано:

Агеј 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се