Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија Вовед

Вовед
Книгата на пророкот Захарија се состои од три дела:
Првиот дел (1–8) датира од 520 до 518 година пр. Христос. Во овој дел се опишани осум виденија кои се однесуваат на обновата на ерусалимскиот храм, по враќањето на Јудејците од вавилонското заробеништво. Потоа, обновата на Ерусалим, очистувањето на народот и на месијанската ера претскажана за во иднина.
Вториот дел од книгата (9–11) говори за казната што ќе им дојде од Господ на сите што Му се неверни: како Јудејци, така и припадници на околните на­роди.
Третиот дел (12–14) ги пренесува пораките од Господ до Захарија, а кои се однесуваат на иднината. Се претскажува дека Ерусалим и Јудеја ќе бидат напаѓани од многу народи, при што голем број Јудејци ќе изгинат. Сепак, Господ ќе интервенира и ќе го избави Својот народ од уништување. Народот ќе Му се врати на Господ, а Тој ќе им прости. Исто така, Господ им ветува дека еден ден Тој ќе им подигне Цар – Месија. Евангелистите Матеј и Јован ги цитираат овие делови од Книгата на пророкот Захарија и ги применуваат на Исус Христос (види Мт 21,4-5 и Јн 19,37).

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност