Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 8

8
Победите на Давид над соседните племиња
1 # 1 Лет; 18,1-13 Потоа Давид ги нападна Филистејците и ги покори; и ја одзеде Давид превласта во регионот од рацете на Филистејците. 2Ги порази и Моавците и ги измери со јажиња, откако ги легна на земја: измери две јажиња за убивање, едно јаже за оставање живи. И Моавците му станаа робје на Давид и му плаќаа данок. 3Давид го порази Адраазар, син на Рехов, цар на Цова, кога тој одеше да ја прошири власта своја кај реката Еуфрат; 4#Ис.Н. 11,6-9и зеде Давид од него илјада и седумстотини коњаници и дваесет илјади пешаци; и им ги пресече Давид жилите на сите колски коњи, оста­вајќи од нив само за сто коли. 5Дојдоа Арамејци од Дамаск да му помогнат на цовашкиот цар Адраа­зар; но Давид уби дваесет и две илјади Арамејци. 6#8,14; 7,1Тогаш Давид постави стражи во Арам кај Дамаск, и Арамејците му станаа на Давид робови и му плаќаа данок. А Господ го чуваше Давид на­секаде, каде ќе отидеше тој. 7#2 Цар 11,10; 2 Лет 23,9Потоа Давид ги зеде златните грив­ни што ги носеа слугите на Адраазар, и ги донесе во Ерусалим. 8А од Бетах и Беротаи, Адраазаро­вите градови, цар Давид зеде многу бакар. 9Кога Тои, царот на Хамат, чу дека Давид ја поразил целата војска на Адраазар, 10Тои го испрати синот свој Јорам кај царот Давид да го поздрави и да му благодари, поради тоа што војувал против Адраазар и го поразил; бидеј­ќи Адраазар војуваше со Тои. А во рацете Јорам имаше сребрени, златни и бакар­ни садови. 11#1 Цар 7,51; 1 Лет 26,26Цар Давид ги посвети и нив на Господ, заедно со среброто и златото, запленето од сите народи, кои ги беше покорил: 12од Арам, Моав, синовите Анонови, Филистејците и Амаликиј­ците, и од пленот на Адраазар, синот на цовашки­от цар Рехов. 13#2 Цар 14,7И Давид се прослави, враќајќи се по поразот на осумнаесет илјади Арамејци во Солената Долина. 14#2 Цар 8,20Тој постави стражи во Едом; пос­тави стражи по цел Едом; и сите Едом­ци му станаа на Давид робови. И Господ го чуваше Давид, каде и да отидеше тој.
Список на Давидовите службеници
15 # 20,23-26; 1 Цар 4,1-6; 1 Лет 18,14-17 Така царуваше Давид над сите Израелци, судеше и делеше правда на сиот свој народ. 16А Јоав, синот на Саруја, беше над војската; а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец; 17Садок, синот Ахитувов и Ахиме­лех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар; 18#23,20-23; 1 Цар 1,38.44; 4,4а Бенајаху, синот Јодаев, беше за­поведник над Керетијците и Пеле­тијците, а Давидовите синови беа свеш­теници.

Селектирано:

2 Самоилова 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност