Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 7

7
Ветување од Бога за Давид и неговите потомци
1 # 1 Лет; 17,1-15 Откако царот заживеа во својот дом, и Господ го беше успокоил од сите негови околни непријатели, 2#12,1.5.7.13.15; 1 Цар 1,8.10.11; 1 Лет 29,29царот му рече на пророкот Натан: „Ете, јас живеам во кедров дом, а Божјиот ковчег стои под шатор.“ 3#5,10; 7,9; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Суд 6,12; 1 Сам 10,7А Натан му одговори на царот: „Оди, прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“ 4#Ер 1,4; 34,1.8; Ез 3,16; 6,1; Соф 1,1Но во истата ноќ дојде ова слово Господово до Натан: 5#4 Мојс 12,7; 5 Мојс 9,27; Ис.Н. 24,29; 1 Цар 8,17-19; Ис 42,1; 1 Лет 22,7; 28,2; Дела 7,46„Оди, кажи му на Мојот слуга Давид: Вака говори Господ: ‚Ти ли ќе Ми изградиш дом за да живеам во него, 6#1 Цар 8,16.27; Ис 66,1; Дела 7,48кога Јас не сум живеел во дом, откако ги изведов синовите Израе­лови од Египет и до денес, но престојував во шаторот и во скинијата. 7#2 Мојс 40,34-38; 3 Мојс 26,11-12Каде и да одев со сите синови Изра­елови, му кажав ли барем еден збор на некое од племињата, на кое сум му наложувал да го пасе Мојот народ Израел: зошто не ми изградивте кедров дом?‘ 8#5,2; 6,21; Пс 78,70-72; 1 Лет 28,4А сега, кажи му така на мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: ‚Јас те зедов од овчото стадо за да бидеш водач на Мојот народ Израел; 9и секогаш бев со тебе, каде и да одеше, ги истребував пред твои очи сите твои непријатели, и ќе го возве­личам твоето име, како името на големите луѓе на земјата. 10#2 Мојс 15,17; 1 Сам 12,8; 2 Цар 21,8; Ер 24,6Јас ќе одредам место за Мојот народ, за Израел, ќе го утврдам, и тој спокојно ќе живее на своето место и нема повеќе да се обеспокојува, и нечес­ните луѓе нема повеќе да го понижу­ваат, како порано, 11#1 Сам 25,28; 23,5; 1 Цар 11,38; Пс 89,29-37од денот кога Јас определив судии над Својот Израел; и Јас ќе те успокојам од сите твои непријатели. И Господ те известува дека Тој ќе ти подигне дом. 12#1 Цар 8,20; Пс 89,4.29.36; 132,11-12; Јн 7,42; Дела; 2,29-31; 13,32-34; Рим 1,3; 2 Тим 2,8А кога ќе завршат твоите дни, и ти ќе починеш кај татковците свои, Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе што ќе произлезе од твоите бедра, и ќе го зацврстам царството негово. 13#1 Цар 2,24; 5,19; 8,19; 1 Лет 22,10; 28,6-7; Лк 1,32Тој ќе изгради дом на името Мое, и Јас ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш. 14#1 Лет 22,10; 28,6; Пс 2,7; 89,27-38; Лк 1,32; Евр 1,5Јас ќе му бидам Татко, и тој ќе Ми биде син; и ако згреши, ќе го казнам со стап човечки и со удари на синови човечки; 15#1 Сам 15,23.28; 1 Цар 11,13.34но милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од Саул, кога Јас го отфрлив пред лицето твое. 16#1 Сам 25,28; 1 Цар 2,45; Пс 89,35-37; Лк 1,33И ќе биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое, и престолот твој ќе остане засекогаш.‘“ 17Сите овие зборови и целото тоа видение Натан му го кажа на Давид.
Молитвата на Давид
18 # 1 Лет 17,16-27 # 2 Мојс 3,11; Суд 6,15; 1 Сам 9,21 Тогаш отиде цар Давид, застана пред лицето на Господ, и рече: „Кој сум јас, Господи, и што е домот мој, та толку ме возвеличи! 19Па и тоа дури се покажа сосема малку во Твоите очи, Господи, Боже мој; но Ти извести уште за домот на Твојот слуга далечна иднина, тоа го поставуваш како закон за луѓето, Господи, Боже мој! 20Што уште може да ти каже Давид? Ти го познаваш Твојот слуга, Господи мој, Господи! 21Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое, откривајќи му ги на слугата Свој сите големи работи. 22#2 Мојс 15,11; 1 Цар 8,23; Ер 10,6-7; Пс 48,1; 86,10; 104,1Затоа во сѐ си голем Ти, Господи, Боже мој, зашто нема сличен на Тебе и нема Бог, освен Тебе, по сѐ што сме слушале со ушите свои. 23#5 Мојс 4,7.32-38И кој друг народ на земјата е како Твојот народ – Израел; за кој доаѓал Бог да Си го откупи за свој народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египќаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни? 24#5 Мојс 26,18-19; 29,12; 1 Сам 12,22И Ти го одреди за Себе Твојот народ Израел како Свој сопствен народ засекогаш, и Ти, Господи, стана негов Бог. 25А сега, Господи Боже, утврди го засекогаш зборот што си го изрекол за Твојот слуга и за домот негов и исполни го она што си го изрекол. 26Нека се возвеличи името Твое засекогаш, та да велат: ‚Господ Саваот е Бог над Израел.‘ И домот на Твојот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице. 27#7,13; 1 Цар 8,24Бидејќи Ти, Господи Саваоте, Боже Израелов, му откри на Твојот слуга, велејќи: ‚Ќе ти воздигнам дом‘, Твојот слуга го подготви срцето свое да Ти се моли со таа молитва. 28#1 Цар 8,26И така, Господи, Боже мој! Ти си Бог, и Твоите зборови се неизменливи, и Ти му вети на Твојот слуга големо добро. 29#Пс 89,28-29А сега благоволи и благослови го домот на Твојот слуга, та тој да биде вечно пред Твоето лице, зашто Ти, Господи, Боже мој, го објави тоа, и со Твојот благослов домот на Твојот слуга ќе стане благословен засекогаш.“

Селектирано:

2 Самоилова 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност