Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 9

9
Давид го дочекува Мемфивостеј кај себе
1 # 1 Сам 18,1-4; 19,1; 20,14-17.42 И рече Давид: „Ако останал уште некој од Сауловиот дом, јас би му направил милост заради Јонатан.“ 2#16,1-4; 19,25-31Во Сауловиот дом имаше еден слуга, по име Сива; го повикаа кај Давид, и царот го праша: „Ти ли си Сива?“ Тој одговори: „Јас сум твојот слуга.“ 3#4,4; 1 Сам 20,14-16.42И царот продолжи и рече: „Нема ли уште некој од Сауловиот дом? Би му направил милост Божја?“ А Сива му одговори на царот: „Има еден Јоната­нов син, кој е куц.“ 4#17,27Царот го праша: „Каде е тој?“ Сива му одговори на царот: „Ете, тој е во куќата на Махир, Амиеловиот син, во Ло-Девар.“ 5Тогаш цар Давид испрати луѓе, та го зедоа од куќата на Махир, Амиеловиот син, од Ло-Девар. 6#21,7; 1 Лет 8,34; 9,40И Мемфивостеј, синот на Јонатан, кој беше пак Саулов син, дојде кај Давид, падна ничкум и му се поклони на царот. И рече Давид: „Мемфи­востеј!“ Тој одговори: „Еве, твој слуга сум јас.“ 7#19,29И Давид му рече: „Не плаши се; јас ќе ти направам милост заради татко ти Јонатан и ќе ти ги вратам сите ниви на дедо ти Саул, и ти секогаш ќе јадеш леб на мојата трпеза.“ 8#16,9; 1 Сам 24,15Се поклони Мемфивостеј и рече: „Кој сум јас, твојот слуга, та погледна милостиво на мене мртов пес?“ 9А царот го повика Сива, Сауло­виот слуга, па му рече: „Сѐ што му припа­ѓаше на Саул и на целиот негов дом, му го давам на синот на твојот господар; 10#9,7; 19,18обработувај ја, впрочем, за него земјата, ти, со твоите синови и твоите слуги и донесувај ги плодовите нејзини за да има синот на господарот твој леб за исхрана; а Мемфивостеј, синот на господарот твој, секогаш ќе јаде на мојата трпеза.“ Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги. 11Тогаш му рече Сива на царот: „Сѐ што му заповеда мојот господар на својот слуга, тој ќе го изврши.“ Мемфи­востеј јадеше на трпезата Давидова како еден од царските синови. 12#1 Лет 8,34Мемфивостеј имаше малолетен син по има Миха. Сите што живееја во ку­ќата на Сива, беа слуги на Мемфиво­стеј. 13#4,4; 9,3А Мемфивостеј живееше во Еру­салим, бидејќи секогаш јадеше на цар­ската трпеза. Тој беше сакат во обете нозе свои.

Селектирано:

2 Самоилова 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност