Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 6:20-49

Лука 6:20-49 MK2006D

А Тој, откако ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Бла­же­ни се бедните по дух, зашто ваше е царството Божјо! Блажени сте вие, што сега гладува­те, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се сме­ете! Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето и ќе ве отфрлат и ќе ви на­несат срам, и ќе го разгласат името ва­ше како лошо, заради Синот Чо­вечки! Зарадувајте се во оној ден и заиграј­те, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нив­ните тат­ковци така постапуваа со пророците! Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха! Тешко вам презаситени сега, зашто ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете! Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто и нив­ните татковци така им правеа на лаж­ните пророци! Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат; благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат! На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата. Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив! И ако ги љубите оние што вас ве љу­бат, каква ви е благодарноста? Заш­то и грешниците ги љубат оние што нив ги љубат. И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е благодарноста? Зашто и грешниците го прават истото. И ако им дадете заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници за да им се врати истото. Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете си­нови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите. И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“ „Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштевајте и ќе ви биде простено; давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви да­дат во пазувите ваши; зашто со каква мерка ме­рите, со таква и ќе ви се мери.“ И им кажа парабола: „Може ли слеп да води слеп? Зарем нема и обајцата да паднат во јама? Нема ученик поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов. И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш? Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја из­вадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Ли­цемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на својот брат.“ „Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава до­бар плод. Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина. Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а ло­ши­от човек од лошата ризница на своето срце изнесува лошо, зашто него­ва­та ус­та го зборува она со што му е ис­полнето срцето.“ „И зошто Ме довикувате: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам? Ќе ви кажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува. Тој прилега на човек кој градел ку­ќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на ка­мен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш падна, и разурнувањето на таа куќа беше големо.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност