Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 14

14
Исус исцелува човек со водена болест во сабота
1 # 6,6; 7,36; 11,37 Еднаш во сабота влезе кај еден од фарисејските старешини да јаде леб; и тие Го надгледуваа. 2И ете, застана пред Него чо­век, кој имаше водена болест. 3#6,9; 7,30; Мк 3,4Исус ги запраша за­кониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?“ 4#Мт 8,3А тие молчеа. И откако го допре, го излекува и го отпушти. 5#13,15; 5 Мојс 22,6; Мт 12,11И им одговори и рече: „Кој од вас ако му падне в бунар магаре или вол, нема да го извади веднаш, иако е саботен ден?“ 6#Мт 22,46И не можеа да Му одговорат на тоа.
Кое место да се одбере и кој да биде поканет
7 # 20,46; Мт 23,6 А кога забележа како поканетите ги одбираат почесните места, им кажа па­рабола и рече: 8#Изреки 25,6-7„Кога ќе те покани некој на свадба, не седнувај на почесно место, зашто, ако случајно е поканет некој со поголема чест од тебе, 9Па да не дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече: ‚От­стапи го местото на овој!‘ и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место. 10Но, кога ќе бидеш поканет, оди и седни на последното место, та оној што те поканил, штом дојде, да ти каже: ‚Пријателе, премести се погоре!‘ Тогаш ќе имаш чест пред оние што седат со тебе на трпезата. 11#16,15; 18,14; Изреки 29,23; Мт 18,4; 23,12; 1 Птр 5,6Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде возвишен.“
Повикај ги сиромашните!
12 # Јк 2,2-4 А и на оној што го беше поканил, му рече: „Кога даваш ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ниту бра­ќата свои, ниту роднините свои, ниту бо­гатите соседи, за да не те поканат и тие некогаш и да ти биде возвратено. 13#6,20; 14,21; 5 Мојс 14,29Но, кога даваш гозба, повикај ги си­ромасите, сакатите, куците, слепите. 14#6,34-35; Јн 5,29И ќе бидеш блажен, зашто тие нема­ат со што да ти возвратат, и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.“
Парабола за големата вечера
(Мт 22,1-10)
15 # Мт 5,3; 8,11; Откр 19,9 А кога го слушна тоа еден од оние што седеа со Него на трпезата, Му ре­че: „Блажен е оној кој ќе јаде леб во царството Божјо!“ 16А Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и покани мно­зи­на; 17и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на по­ка­нетите: ‚Дојдете, зашто веќе сѐ е под­­готвено!‘ 18И почнаа сите по ред да откажува­ат; првиот му рече: ‚Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!‘ 19Вториот рече: ‚Купив пет ѕевгари волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!‘ 20#14,26; 5 Мојс 24,5; 1 Кор 7,33Третиот рече: ‚Се оженив и затоа не можам да дојдам.‘ 21#6,20; 14,13Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: ‚Оди бргу по плоштадите и улиците градски и донеси ги тука сиромашните, сакатите, куците и слепите!‘ 22И рече слугата: ‚Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.‘ 23#24,29; Дела 16,15И му рече господарот на слугата: ‚Излези по патиштата и меѓу оградите и убеди ги да дојдат за да ми се наполни куќата!‘ 24Зашто, ви велам: никој од оние што беа повикани нема да вкуси од вечерата Моја. Зашто мнозина се поканети, но малкумина се избрани.“
Неопходни услови да се стане ученик
(Мт 10,37-38)
25Со Него одеше многу народ; и Тој се заврте и им рече: 26#18,29; Јн 12,25„Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик. 27#9,23И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој уче­ник. 28Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да на­прави сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за да ја довр­ши? 29Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат, 30и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘ 31Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најнапред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади? 32Ако не може, додека е другиот уш­те далеку, ќе прати пратеници и ќе мо­ли за мир. 33#5,11; 12,33; 18,29-30; Фил 3,7Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“
Неполезна сол
(Мт 5,13; Мк 9,50)
34„Солта е добро нешто, но ако солта облутави, со што ќе се соли? 35#Мт 11,15; Мк 4,9.23Ниту на земјата, ниту на ѓубрето нема да му е погодна; па затоа ја фр­ла­ат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!“

Селектирано:

Лука 14: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност