Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 15

15
Исус и грешниците
1 # Мт 5,46; 9,10; Мк 2,15 Се приближуваа кон Него сите цариници и грешници за да Го слушаат. 2#5,30; 7,34А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“
Парабола за загубената овца
(Мт 18,12-14)
3Но Тој им ја кажа оваа парабола и рече: 4#12,32; 19,10; Ер 23,1-4; Ез 34,11.16; Мих 4,6-7„Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги ос­тави деведесет и деветте во пустината и нема да оди да ја бара за­гу­бената, сѐ додека не ја најде? 5А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен; 6и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата за­гу­бена овца!‘ 7#1,14; 15,10; Јк 5,20Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од покајание.
Парабола за загубената драхма
8Или која жена, ако има десет драхми, и ако загуби една, нема да запали светило и да ја измете куќата, и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде? 9А штом ќе ја најде, ќе повика прија­тели и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘ 10Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.“
Парабола за загубениот син
11 # Мт 21,28 И рече: „Еден човек имаше два си­на. 12#5 Мојс 21,16-17Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми при­паѓа од имотот!‘ И таткото им го раз­де­ли имотот. 13#Изреки 29,3По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно. 14И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во мака; 15#5 Мојс 14,8па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи. 16И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. 17А кога дојде на себеси, рече: ‚Колку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад. 18#Пс 50,5Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, 19#Ис 55,7 и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од сво­ите наемници.“‘ 20#1 Мојс 29,13; 2 Цар 14,33; Ис 49,15; Ер 3,12; 31,20; Тов 11,9-11Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. 21И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘ 22#1 Мојс 41,42; Зах 3,4А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава облека и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; 23па доведете едно згоено теле и заколете го; да јадеме и да се веселиме, 24#Ефес 2,1.5; 5,14; 1 Тим 5,6зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И поч­наа да се веселат. 25А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и игри. 26И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘ 27А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘ 28Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. 29А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата за­по­вед; и мене не си ми дал ниту едно јаре за да се провеселам со моите пријатели; 30#Изреки 29,3а кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘ 31А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое; 32но требаше да се зарадуваме и раз­веселиме, зашто овој твој брат беше мр­тов и оживе, изгубен беше и се нај­де.‘“

Селектирано:

Лука 15: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност