Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 13

13
Повик за покајување
1 # Дела 5,37 Во истото време беа присутни и некои, кои Го известија за Гали­лејците, чија крв Пи­лат ја смешал со нивните жртви. 2#Јн 9,2-3Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци биле најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа? 3#Пс 7,11-12Не, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете! 4Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни од си­те други што живеат во Ерусалим? 5Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
Парабола за неплодната смоква
6 # 6,43-44; Мт 21,19 И ја кажа оваа парабола: „Некој чо­век имаше во своето лозје посадена ед­на смоква, па дојде да бара од неа род, но не најде. 7#Мт 3,10; 7,19Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘ 8#2 Птр 3,9.15А тој му одговори и рече: ‚Гос­по­да­ре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре; 9па, можеби ќе даде род; а ако не даде, то­гаш отпосле ќе ја пресечеш.‘“
Исцелувањето на згрчената жена
10 # 6,6 Во една од синагогите Тој по­у­чу­ва­ше во сабота. 11#Мт 8,29.31И ете, беше таму една жена која имаше дух на немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи; 12штом ја виде Исус, ја повика и ѝ ре­че: „Жено, ослободена си од немоќта своја.“ 13#4,40; Мт 9,18И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. 14#6,7; 2 Мојс 20,9-10; 5 Мојс 5,13-14; Мт 12,1; Јн 5,16; 7,23; 9,14.16А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во саботен ден, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; то­гаш доаѓајте и лекувајте се, а не во са­бо­та!“ 15#14,5; Мт 12,11Но Господ му одговори и рече: „Ли­цемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во саботен ден и не го води ли да го напои? 16А оваа ќерка Авраамова, што ја вр­зал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“ 17#4,15И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот на­род се радуваше за сите славни дела из­вршени од Него.
Парабола за синаповото зрно
(Мт 13,31-32; Мк 4,30-32)
18 # Мт 3,2; 6,10 А Тој рече: „На што прилега цар­ството Божјо и со што да го споредам? 19#Ез 17,23; 31,6; Пс 103,12; Дан 4,9.18Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува го­лемо дрво; па и птиците небески се вгнездуваат на неговите гранки.“
Споредба со квасецот
(Мт 13,33)
20 # 1 Кор 5,6; Гал 5,9 И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо? 21Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, до­дека скисне сето.“
Тесната врата
(Мт 7,13-14.21-23)
22 # 9,51; 17,11; 19,28 И по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше. 23Некој, пак, Му рече: „Господи, мал­ку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече: 24#16,16; Мк 10,25„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат. 25#Мт 25,10-12Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, сто­ејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве познавам од каде сте!‘ 26Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘ 27#Пс 6,10; 1 Мак 3,6А Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘ 28#16,22; Мт 8,11-12Таму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор. 29#14,15-24; 22,16.18.30; Ис 2,2-5; 25,6-8; 66,18-21; Пс 106,3И ќе дојдат од исток и запад, и се­вер и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо. 30#Мт 19,30; 20,16; Мк 10,31И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
Исус и Ерусалим
(Мт 23,37-39)
31 # 14,1 Во тој ден пристапија некои фа­рисеи и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“ 32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам демони и ис­целувам денес и утре – а на трети­от ден ќе завршам; 33#2,38; Мт 16,14но Јас треба да врвам денес, утре и задутре, бидејќи не може пророк да загине надвор од Ерусалим. 34Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш пратените кај тебе. Колку­пати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте. 35#19,38; 21,6; Ер 7,1-15.26; 12,7; 22,5; Ез 8–11; Мих 3,12; Пс 68,25; 117,26; Мт 21,9И ете, ви се остава пуст вашиот дом. И Јас ви велам дека нема да Ме ви­дите сѐ додека не дојде времето да ка­жете: ‚Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!‘“

Селектирано:

Лука 13: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност