Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 29:1-23

Еремија 29:1-23 MK2006D

Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Еремија го испрати од Ерусалим до другите ста­­реши­ни ме­ѓу преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Наву­хо­доносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон, откако беа излегле од Ерусалим ца­рот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеја и на Ерусалим, дрво­делците и ковачите, преку Елеаса, синот Сафанов, и пре­ку Гемарија, синот на Хелкија, кои ју­деј­скиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Наву­хо­доносор, – вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон – правете куќи и живејте во нив, са­де­те градини и јадете ги плодовите нивни; женете се и раѓајте синови и ќерки; и на синовите земајте им жени и ќерки и мажете ги, за да раѓаат синови и ќер­ки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате. Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; зашто ако му е нему добро, и вие ќе имате мир. Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите ба­јачи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате. Лажно ви пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ. Бидејќи така вели Господ – кога во Вавилон ќе исполните седумдесет години, тогаш ќе ве посетам и ќе го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место. Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам; ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце. Ќе Ме најдете, вели Господ, и ќе ве вратам од ропство и ќе ве соберам откај сите народи и од сите места, каде што ве изгонив, вели Господ, и ќе ве вратам онаму, од каде што ве преселив. Вие велите: „Господ ни издигна про­роци и во Вавилон.“ Така вели Господ за царот, кој седи на Давидовиот престол, и за сиот народ, што живее во тој град; за браќата ваши, што не се одведени со вас во ропство. Вака вели Господ Саваот за нив – еве, ќе испратам врз нив, меч, глад и по­мор и ќе ги направам како лошите смокви, што не можат да се јадат поради неугодниот вкус; и ќе ги гонам со меч, глад и помор и ќе ги предадам на зло кај сите земни царства, за проклетство и ужас, за пот­смев и навреда меѓу сите народи, каде што ќе ги расејам, поради тоа што не ги слушаа збо­ро­вите Мои, вели Господ, што ги праќав до нив преку слугите Мои, пророците, ги праќав од рано утро, но не по­слу­шав­те, вели Господ. А вие, сите изгнаници, што ве пратив од Ерусалим во Вавилон, чујте го словото Господово: вака вели Господ Саваот, Бог Из­ра­и­лев, за Ахав, синот на Колаја, и за Се­декија, синот на Маасеја, кои ви проро­куваат лага во Мое име: еве, Јас ќе ги предадам во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тој ќе ги убие пред очите ваши. И сите прогонети Јудејци, кои се во Вавилон, ќе се научат од нив да колнат: „Да ти направи Господ, како што им на­прави на Седекија и на Ахав, кои вави­лон­скиот цар ги изгоре со оган,“ поради тоа што вршеа гнасни ра­бо­ти во Израил: прељубодејствуваа со же­ните на ближните свои и во Мое име кажуваа лага, што не сум им заповедал; Јас го знам тоа и Сам сум сведок, вели Господ.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност