Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 29

29
Писмото од Еремија до заробените Јудејци во Вавилон
1 # 4 Цар 24,15 Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Еремија го испрати од Ерусалим до другите ста­­реши­ни ме­ѓу преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Наву­хо­доносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон, 2откако беа излегле од Ерусалим ца­рот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеја и на Ерусалим, дрво­делците и ковачите, 3преку Елеаса, синот Сафанов, и пре­ку Гемарија, синот на Хелкија, кои ју­деј­скиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Наву­хо­доносор, 4– вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон – 5правете куќи и живејте во нив, са­де­те градини и јадете ги плодовите нивни; 6#30,19; 1 Мојс 1,28; 9,1.7женете се и раѓајте синови и ќерки; и на синовите земајте им жени и ќерки и мажете ги, за да раѓаат синови и ќер­ки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате. 7#1 Езд 6,10; Варух 1,11Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; зашто ако му е нему добро, и вие ќе имате мир. 8#Мт 7,15Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите ба­јачи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате. 9#27,15; 29,31Лажно ви пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ. 10#33,14Бидејќи така вели Господ – кога во Вавилон ќе исполните седумдесет години, тогаш ќе ве посетам и ќе го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место. 11#24,5; 31,17Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. 12#33,3Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам; 13#5 Мојс 4,29; Ис 55,6; 2 Лет 15,4; Мудр 6,13ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце. 14#30,3Ќе Ме најдете, вели Господ, и ќе ве вратам од ропство и ќе ве соберам откај сите народи и од сите места, каде што ве изгонив, вели Господ, и ќе ве вратам онаму, од каде што ве преселив. 15Вие велите: „Господ ни издигна про­роци и во Вавилон.“ 16Така вели Господ за царот, кој седи на Давидовиот престол, и за сиот народ, што живее во тој град; за браќата ваши, што не се одведени со вас во ропство. 17#24,10Вака вели Господ Саваот за нив – еве, ќе испратам врз нив, меч, глад и по­мор и ќе ги направам како лошите смокви, што не можат да се јадат поради неугодниот вкус; 18#34,17и ќе ги гонам со меч, глад и помор и ќе ги предадам на зло кај сите земни царства, за проклетство и ужас, за пот­смев и навреда меѓу сите народи, каде што ќе ги расејам, 19#26,5поради тоа што не ги слушаа збо­ро­вите Мои, вели Господ, што ги праќав до нив преку слугите Мои, пророците, ги праќав од рано утро, но не по­слу­шав­те, вели Господ. 20#31,10А вие, сите изгнаници, што ве пратив од Ерусалим во Вавилон, чујте го словото Господово: 21вака вели Господ Саваот, Бог Из­ра­и­лев, за Ахав, синот на Колаја, и за Се­декија, синот на Маасеја, кои ви проро­куваат лага во Мое име: еве, Јас ќе ги предадам во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тој ќе ги убие пред очите ваши. 22И сите прогонети Јудејци, кои се во Вавилон, ќе се научат од нив да колнат: „Да ти направи Господ, како што им на­прави на Седекија и на Ахав, кои вави­лон­скиот цар ги изгоре со оган,“ 23#15,15поради тоа што вршеа гнасни ра­бо­ти во Израил: прељубодејствуваа со же­ните на ближните свои и во Мое име кажуваа лага, што не сум им заповедал; Јас го знам тоа и Сам сум сведок, вели Господ.
Порака за Шемаја
24И на Шемаја од Нехелам речи му: 25вака вели Господ Саваот, Бог Изра­илев: поради тоа што во свое име пра­ќаше писма до сиот народ во Ерусалим и до свештеникот Софонија, син на Ма­асеја, и до сите свештеници, велејќи: 26Господ те поставил за свештеник наместо свештеникот Јехојада, за да бидеш меѓу надзорниците во домот Господов, та секој што беснее и проро­кува, да го затвориш и да го ставиш на клада. 27#32,7Зошто не му забраниш на Еремија од Анатот да пророкува кај вас? 28Заради тоа и до нас во Вавилон ис­прати да кажат: „Ропството ќе трае долго – правете куќи и живејте во нив, обработувајте ги градините и јадете ги плодовите нивни.“ 29Кога свештеникот Софонија го про­чита тоа писмо на глас пред пророкот Еремија, 30тогаш дојде слово Господово до Еремија: 31#29,9Испрати, па кажи им на сите изгна­ници – вака вели Господ за Шемаја од Нехелам – бидејќи Шемаја пророкува кај вас, а Јас не сум го пратил, и ви ка­жува лажна надеж, 32#17,6затоа, вака вели Господ: еве, ќе го посетам Шемаја од Нехелам и племето негово; ќе нема од него човек да живее меѓу овој народ и нема да го види доб­рото, што ќе му го направам на Мојот народ, вели Господ – зашто тој зборува за бунт против Господ.

Селектирано:

Еремија 29: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност