Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исход (ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА)

(ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА)
Вовед
„Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството.“ Овој централен стих од книгата Исход (20,2), ја открива смислата на насловот на втората библиска книга (Исход=Излез), а упатува и на неј­зината содржина: Бог е избавител на Својот народ. Истовремено овој стих претставува основа на Десетте Божји заповеди. Бог Кој од љубов ги спаси Израилците, им дава можност и тие да ја покажат нивната љубов кон Него, придржувајќи се кон Неговите заповеди.
Израилците, кои во минатото најдоа спас во Египет (1 Мојс 45,17-20; 47,11), со текот на времето станаа многуброен народ, но и робови на египетските фараони. Бог меѓутоа, не останува рамнодушен кон страдањата на Израилците; Тој избира еден меѓу нив, Мојсеј, за да им биде водач и преку број­ни казни и чуда ги принудува Египќаните да го ослободат израилскиот народ и да го остават непречено да ја напушти земјата (1,1–15,21). Потоа Бог ги води и им помага на Израилците за време на целото патување низ Синајската Пустина (15,22–18,27). Тој прави од Израил Свој народ, склучувајќи со него сојуз на планината Синај и соопштувајќи му ги истовремено, Божјите заповеди (19,1–24,18). Мојсеј ги добива неопходните упатства за градбата на скинијата (25–31). Народот на Израил запаѓа во идолопоклонство, правејќи си божество во вид на златно теле, по што следува острата Божја интервенција (32–34). Книгата завршува со расказот за градбата на скинијата, во која се манифестира постојаното Божјо присуство (35–40).
Во името на жртвите од сите видови ропство, во сите времиња, оваа книга покажува што претставува вистинската слобода: тоа е слободата што Самиот Бог ја дава, за да му овозможи на човекот да биде во општење со Него и со другите луѓе.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност