Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 4:1-11

1 Петар 4:1-11 MK2006D

Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пос­трада со телото, тој прекинал со гревот, та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја. Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вр­шење волјата на незнабошците, живе­еј­ќи во нечистотија, во похоти, во пијан­ство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство. Затоа тие и се чудат што не се дру­жите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас. Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мрт­вите. Зашто и на мртвите им беше пропо­ведано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога. Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите. А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“ Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување. Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри уп­равители на разнообразната Божја бла­годат. Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој слу­жи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и вла­де­ење се вечни. Амин.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Петар 4:1-11

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност