YouVersion Logo
Search Icon

1 Солунјаните 1

1
1Од Павле, Силван и Тимотеј до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото и на Господ Исус Христос. Бог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.
2Постојано Му заблагодаруваме на Бог за сите вас и секогаш ве спомнуваме во нашите молитви.
3Си спомнуваме пред Бог, нашиот Татко, како се покажа вашата вера на дело, како работите со љубов и колку трпеливо се надевате на нашиот Господ Исус Христос.
4Знаеме, драги пријатели, дека Бог вас ве сака и дека ве одбра да бидете Негов народ,
5затоа што Радосната вест не ви ја проповедавме само преку зборови, туку бевте сведоци на огромна сила: Светиот Дух наполно ве увери дека тоа што ви го говоревме е вистина. Вие знаете како живеевме додека бевме кај вас. Тоа беше дополнителен доказ дека нашата порака е искрена.
6Вие сега се однесувате онака како што се однесуваме ние и како што се однесува Господ, па, иако многу настрадавте, со радост ја прифативте пораката што доаѓа од Светиот Дух.
7Така им станавте пример на сите христијани во Македонија и Ахаја.
8Не само што од вас почна да се шири пораката Господова во Македонија и Ахаја, туку за вашата вера насекаде се раскажува! Нема никаква потреба ние за тоа да зборуваме.
9Самите луѓе раскажуваат за вас, како сте ги пречекале, како сте се обратиле кон Бог и сте престанале да им служите на идолите, за да Му служите на вистинскиот, на живиот Бог;
10и како го чекате Неговиот Син Исус да дојде од небото. Него Бог Го воскресна од мртвите и Тој не избави од Божјиот гнев што ќе дојде.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy