РИМЈАНИТЕ 12:4-8
РИМЈАНИТЕ 12:4-8 MKB
Зашто, како што во едно тело имаме многу членови, а сите членови немаат иста служба, така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци - членови сме еден на друг. И имаме разни дарби, според дадената ни благодат: ако е пророштво, нека е согласно со верата! Ако е служење нека служи! Ако е некој учител - нека поучува! Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело!