YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 5

5
ГЛАВА 5
1Кога го виде народот, се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него.
2И откако ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:
3Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!
4Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!
5Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
6Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!
7Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
8Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
9Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
10Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно!
11Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови, лажно – заради Мене!
12Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата; така ги гонеа и пророците што беа пред вас!
Крај на преподобните
13Вие сте солта на земјата. Но, ако солта ја изгуби соленоста, со што ќе се осоли? Таа веќе за ништо не е, освен да се фрли надвор и да се изгази од луѓето.
Крај на вторникот
(Зачало 11)
14Вие#На светители општо: Им рече Господ на Своите ученици: Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина.
15Ниту, пак, светилото се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в ку ќи.
16Така нека свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата.
17Немојте да мислите дека сум дошол да го нарушам Законот или Пророците; не сум дошол да ги нарушам, туку да ги исполнам.
18Зашто, вистина ви кажувам: додека постојат небото и земјата, ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ.
19И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.
Крај на светителите
(Зачало 12)
20Зашто ви велам,#Среда од првата седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно.
21Сте слушале дека им било речено на старите: „Не убивај; а кој убие, виновен е пред судот“.
22Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече брата си „празноглав“, ќе биде виновен пред врховниот суд; а оној, пак, што ќе рече „будала“, ќе биде виновен за во пеколот.
23Па, ако принесуваш дар на жртвеникот, и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе,
24тогаш, остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди, најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот твој.
25Измири се со противникот твој навреме, додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш затворен;
26вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.
Крај на средата
(Зачало 13)
27Сте#Четврток од првата седмица по Педесетница: Рече Господ: Сте слушале дека на старите им било речено: „Не прељубодејствувај“!
28Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.
29Ако десното око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото – да биде фрлено во пеколот.
30И десната рака, ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; оти подобро ти е да погине еден твој дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
31Речено било, исто така: „Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде развод“.
32А јас, пак, ви велам: – Секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и којшто ќе се ожени со напуштена, тој прељубодејствува.
Крај на четвртокот
(Зачало 14)
33Сте#Петок од првата седмица по Педесетница: Рече Господ: Сте слушале уште и тоа дека им било речено на старите: „Не колни се криво, а заклетвите пред Господа исполнувај ги“.
34Јас, пак, ви велам: – Не колнете се воопшто – ниту во небото, оти тоа е престол Божји;
35ниту во земјата, зашто таа е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, оти е град на великиот Цар.
36Ниту во главата твоја не колни се, зашто не можеш ниту едно влакно да го направиш бело или црно.
37Но, зборот ваш да биде: да – да, не – не, а сѐ што е повеќе од тоа, од лукавиот е.
38Сте слушале дека било речено: „Око за око, заб за заб“.
39Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, сврти му го и другиот.
40А на оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и наметката.
41И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две.
(Зачало 15)
42На#Сабота прва по Педесетница: Рече Господ: На оној што бара од тебе, – дај му, и не одбивај го оној што ти сака нешто на заем.
43Сте слушале дека е речено – „љуби го својот ближен и мрази го непријателот“.
44А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат, и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,
45за да бидете синови на вашиот Отец Кој е на небесата; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните.
46Оти, ако ги сакате оние што ве љубат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците?
47И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? вате вашата праведност пред луѓето, за да ве видат; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец Кој е на небесата.
48Но бидете совршени, ка ко што е совршен вашиот Отец небесен.
Крај на саботата

Currently Selected:

Матеј 5: MK2008

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy