YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 24

24
ГЛАВА 24
(Зачало 97)
1И откако излезе Исус од храмот и си одеше, се приближија до Него#Сабота од 11-та седмица по Педесетница: Во она време, пристапија кон Исуса учениците, за да Му ги покажат зградите на храмот.
2А Исус им рече: – Го гледате ли сето тоа? Вистина ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, а да не биде урнат.
(Зачало 98)
3И кога седеше#На Велики Понеделник, на литургијата: Во она време, кога седеше Исус во Маслиновата Гора, дојдоа при Него учениците Негови насамо и рекоа: – Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?
4А Исус им одговори и рече: – Пазете се, да не ве излаже некој;
5зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: јас сум Христос; и ќе прелажат мнозина.
6Ќе слушате за војни и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, оти сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот.
7Зашто, ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и наместа ќе има глад, помор и потреси;
8а сето тоа е почеток на болките.
9Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.
10Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат, и еден со друг ќе се мразат;
11многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
12и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади.
(Зачало 99)
13Акој претрпи#Четврток од 11-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
Крај на саботата
14И ќе биде проповедано ова Евангелие на царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.
15Па така, штом ќе ја види те „мерзоста на запустението“ да стои на свето место, за која е зборувано преку пророкот Даниил – кој чита, нека разбере, –
16тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, да бегаат по планините;
17кој е на покривот, нека не слегува да земе нешто од куќата своја;
18и кој е на нива, нека не се враќа дома, за да ги земе алиштата свои.
19Но, тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни.
20Затоа, молете се, да не биде бегањето ваше зиме, или во сабота;
21оти тогаш ќе биде мака, каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде.
22И, ако не се скратеа оние дни, никој не би се спасил; но, заради избраните ќе се скратат тие дни.
23Тогаш, ако ви каже некој: – еве, овде е Христос, или таму е, не верувајте;
24оти, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
25Ете, претходно ви кажав.
26И така, ако ви речат: – ете, во пустината е Он, – не излегувајте; ете, во тајна соба е, – не верувајте.
(Зачало 100)
27Зашто, како#Петок од 11-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.
28Оти, каде што е трупот, таму се собираат и орлите.
Крај на четвртокот
29И веднаш, по маките во тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат од небото, и силите небески ќе се разнишаат.
30Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небеските облаци, со голема слава и сила;
31и ќе ги испрати Своите ангели со голем трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.
32Со смоквата направете споредба: штом ќе се подмладат нејзините гранки и ќе пуштат лисја, знаете, дека е близу летото;
33така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте, дека е близу пред врата.
Крај на петокот
(Зачало 101)
34Вистина#Сабота од 16-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни.
35Небото и земјата ќе преминат, ама зборовите Мои нема да преминат.
Крај на Велики Понеделник, на литургијата
(Зачало 102)
36Аза тој ден и час#На Велики Вторник, на литургијата: Им рече Господ на Своите ученици: За денот и часот, кога ќе дојде Синот Човечки, никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец;
37но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;
38оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот,
39и не узнаа додека не дојде потопот и истреби сѐ, – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки;
40тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе се земе, а другиот ќе се остави;
41две жени ќе мелат на мелница: едната ќе се земе, а другата ќе се остави.
Читај во петокот
(Зачало 103)
42Па така,#На 30 септември: Им рече Господ на Своите ученици: бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ.
43Знајте го и ова, дека, ако домаќинот на куќата знаеше во кој час ќе дојде крадецот, тој ќе стоеше буден и немаше да дозволи да му ја поткопаат куќата.
44Затоа, бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки.
Крај на саботата
45Кој е, пак, тој верен и благоразумен слуга, кого што ќе го постави господарот негов над слугите свои, да им дава навреме храна?
46Блазе на тој слуга, кого што, кога ќе дојде господарот негов, ќе го најде да постапува така;
47вистина ви велам, дека над целиот свој имот ќе го постави него.
Крај на светителот
48Ако, пак, тој слуга, бидејќи лош, рече во срцето свое: господарот мој уште за долго време нема да дојде,
49па почне да ги бие другарите свои и да јаде и пие со пијаниците,
50господарот на тој слуга ќе дојде во ден, кога не го очекувал, и во час, што не го знаел;
51и ќе го исече на половина, и ќе му даде еднаква награда со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби.
Крај на петокот

Currently Selected:

Матеј 24: MK2008

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy