YouVersion Logo
Search Icon

Песна над песните 8

8
Верноста на вечно соединетите.
1О, да ми беше брат мој, да беше хранет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ќе те сретнев на улица, ќе сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат.
2Би сакала да те поведам, сакав да те воведам во одајата на мајка ми, во онаа каде што ме одгледала. Ти ќе ме учеше, а јас, пак, ќе те поев со ароматно вино, со сок од моите калинки.
3Левата рака негова е под главата моја, а со десната ме прегрнува.
Возљубениот:
4Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, зошто да ја разбудувате и зошто да ја вознемирувате возљубената, сѐ додека сама не посака?!
Хорот:
5Која е таа, што доаѓа од пустињата, потпирајќи се на својот возљубен?
Возљубениот:
Те разбудив јас под јаболкницата: таму те родила мајка ти твоја, таму те добила твојата родителка.
6положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората – лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен.
7Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир.
Хорот:
8Имаме сестра, која е уште мала: уште нема гради; што ќе правиме со сестрата наша, ако дојдат по неа сватови?
9Да беше карпа, ќе изградевме врз неа и дворци од сребро; да беше врата, ќе ја обложевме со кедрови штици.
Возљубената:
10Јас сум карпа и имам гради како кула; затоа во очите негови јас станав како онаа што нашла мир.
Хорот:
11Соломон имаше лозје во Ваал-Хамон; тој им го предаде тоа лозје на чувари; секој беше должен да даде за плодовите негови илјада сребреници.
Возљубената:
12А моето лозје си е кај мене. Илјадата нека се за тебе, Соломоне, а двесте – за чуварите на плодовите негови.
Возљубениот:
13Жителко на градините, другарите го слушаат гласот твој. Дај и јас да го послушам.
Возљубената:
14Побрзај мил мој, и биди како срна и како еленче по гори мирисни!

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy