YouVersion Logo
Search Icon

Јеремија 2

2
Израилот се казнува поради неблагодарност.
1И пак би словото Господово до мене:
2»Оди и извикај во ушите на Ерусалим – вака вели Господ: ‚се сеќавам на милоста во младоста твоја, на твојата љубов, кога како невеста, тргна по Мене во пустињата, во незасеана земја.‘
3Израилот му беше на Господа светиња, првина од плодовите Негови: сите, што јадеа од нив, биваа осудувани, ги стигнуваше зло,« вели Господ.
4Чујте го словото Господово, доме Јаковов и сите родови на домот Израилев!
5Вака вели Господ: »каква неправда најдоа во Мене татковците ваши, та се оддалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни;
6и не рекоа: ‚каде е Господ, Кој нѐ изведе од Египетската земја, нѐ водеше по пустињата, по земја пуста и ненаселена, по земја сува, по земја на смртна сенка, по која никој не одел и во која никој не живеел?‘
7А кога ве воведов во земја плодородна, за да се храните од плодовите нејзини и од добрата нејзини; а вие влеговте и ја осквернивте земјата Моја, и сопственоста Моја ја направивте гадотија.
8Свештениците не рекоа: ‚каде е Господ?‘ И учителите на законот не Ме познаа, и пастирите се одметнаа од Мене, и пророците пророкуваа во името на Ваала и одеа по оние, кои не помагаат.
9Затоа Јас уште ќе се судам со вас, вели Господ, и со синовите на вашите синови ќе се судам.
10Затоа отидете на Хистимските острови и разгледајте, и испратете во Кидар и испитајте сесрдно и видете: станувало ли таму нешто слично на тоа?
11Ги променил ли некој народ боговите свои, иако тие не се богови? А Мојот народ ја менуваше славата своја за она што не помага.
12Чудете се на тоа, небеса, треперете и грозете се, вели Господ.
13Зашто две зла изврши Мојот народ: Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода.
14Зар Израилот е слуга? Или е слуга домородец? Зошто така стана плен?
15Зарикаа против него млади лавови, нададоа викотници и ја направија земјата негова пустелија; градовите негови му се изгорени, никој не живее во нив.
16И синовите на Мемфис и Тафна те познаа и ти го избрикоа темето.
17не ли си го направи тоа сам, оставајќи Ме Мене, твојот Господ Бог во она време, кога Он те водеше по патот?
18И сега, што бараш во Египет да пиеш вода од Нил? И зошто да одиш во Асирија за да пиеш вода од реките нејзини?
19Ќе те казни тебе остапувањето твое, и злобата твоја ќе те обезличи: и така познај и размисли, колку лошо и горчливо е тоа, што Ме остави, вели твојот Господ Бог, и не бев спомнуван од тебе, вели Господ, Бог Саваот.
20Зашто одамна си го скршил јаремот свој, ги раскина твоите вериги, па велеше: – Нема Тебе да Ти служам; но ќе појдам на секој висок рид и под секое лиснато дрво ќе им служам на идоли.
21Јас те посадив како благородна лоза – најчисто семе; а како се претвори ти во Мене во див ластар од туѓа лоза?
22Затоа, макар и да се измиеше со сапун и да употребуваш многу пепелница, – твоите беззаконија ќе се покажат пред Мене, вели Господ Бог.
23Како можеш да кажеш: ‚Јас не се осквернив, и не одев по Ваала?‘ Загледај се во патиштата твои во долината, и увиди што правеше ти, бујна камило, која потскокнува (поттрчнува) наваму натаму?
24Кој може да додржи навикната на пустиња дива ослица, која со страст во душата своја вдишува воздух? Сите, што ја бараат, нема да се уморат: во месецот нејзин ќе ја најдат.
25Не им дозволувај на нозете свои да се боси, и грлото твое – да се мачи од жед. Но ти рече: ‚Ништо од тоа, зашто ги сакам туѓите и по нив ќе одам.‘
26Како што крадец, кога ќе го фатат, се посрамува, – така ќе се посрами Израилевиот дом: царевите нивни, кнезовите нивни, свештениците нивни и пророците нивни, –
27велејќи му на дрвото: ‚ти си мој татко‘, и на каменот: ‚ти ме роди‘; зашто тие свртеа кон Мене грб, а не лице; а за време на своето озлобување ќе речат: ‚стани и спаси нѐ!‘
28Каде се, пак, твоите богови, што ти си ги направил? Нека станат тие, ако можат – да те спасат за време на твојата неволја; зашто, колку градови имаш, о, Јудо, толку и богови имаш!
29Зошто да се оправдуваш со Мене? Сите вие постапувате нечесно и грешите против Мене,« вели Господ.
30Напразно го поразував децата ваши: тие не се вразумија; вашиот меч како истребувачки лав ги јадеше пророците ваши и вие не се уплашивте.
31О роде, чујте го словото Господово: »Бев ли Јас пустиња за Израилот, бев ли земја неплодна? А зошто Мојот народ вели: ‚ние сами сме си господари, нема повеќе да дојдеме при Тебе?‘
32Го заборава ли девицата украсот свој, и невестата – накитот свој? а Мојот народ Ме заборави – има веќе безброј дни.
33Како лукаво ги насочуваш ти патиштата свои, за да придобиеш љубов, и поради тоа дури и кон престапи ги нагодуваше патиштата твои.
34Дури по твоите поли има крв од бедните, невини луѓе; нив не ги затеков во ров, туку при секоја дубрава.
35Велиш: ‚бидејќи сум невина, навистина гневот Негов ќе се одврати од мене.‘ – Ете, Јас ќе се судам со тебе, затоа што велиш: ‚не згрешив.‘
36Зошто толку многу скиташ, менувајќи го патот свој? Ти исто така ќе бидеш посрамена и од Египет, како што беше посрамена од Асирија;
37и од него ќе излезеш со рацете на глава, зашто Господ ги отфрла твоите надежи, и нема да имаш со нив успех.«

Currently Selected:

Јеремија 2: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy