Филипјаните 4:4-7
Филипјаните 4:4-7 MK2006
Радувајте се секогаш во Господ, и пак ќе речам: радувајте се! Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу! За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.





