YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 9

9
Исус исцелува фатен човек
(Мк 2,1-12; Лк 5,17-26)
1Тогаш Тој влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град. 2#Лк 5,18.20; 7,48И ете, донесоа кај Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му ре­че: „Не плаши се, чедо! Ти се простува­ат гревовите твои!“ 3#12,31; 26,65; 3 Мојс 24,11-16; Јн 10,33-36; Дела 6,11Тогаш некои од книжниците си ре­коа во себе: „Овој богохулствува!“ 4#12,25; Пс 94,11; Јн 1,48; 2,25А Исус ги разбра нивните мисли, и им рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? 5Или, што е полесно? Да кажам: ‚Ти се простуваат гревовите твои!‘ или да кажам: ‚Стани и оди!?‘ 6#8,20; Дан 7,14; Лк 5,24; Јн 5,8; Дела 9,34Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гре­вови.“ Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ 7И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. 8#15,31; Лк 5,26; Дела 4,21А народот кога го виде тоа, се восхити и Го прослави Бога, Кој им даде так­ва власт на луѓето.
Исус го повикува Матеј
(Мк 2,13-17; Лк 5,27-32)
9 # 8,22; 10,3; Дела 1,13 А кога си одеше оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи во царинарницата и му рече: „Врви по Ме­не!“ И тој стана и тргна по Него. 10#5,46; Лк 15,1И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина цариници и греш­ни­ци дојдоа и седнаа до Него и до учени­ците Негови. 11#3,7; Лк 15,2Но штом го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: „Зошто вашиот Учител јаде и пие со цариници и грешници?“ 12#1 Тим 1,15А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните; 13#12,7; Ос 6,6одете и научете се што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, ту­ку грешниците на покајание.“
Прашања за постот. Старото и новото
(Мк 2,18-22; Лк 5,33-39)
14 # Јн 3,25 Тогаш кај Него дојдоа учениците Јованови и рекоа: „Зошто ние и фарисе­ите постиме многу, а Твоите ученици не постат!?“ 15#Ис 62,4-5; Ер 2,2; Ез 16; Ос 1–3; Јн 3,29; 16,20; 2 Кор 11,2; Откр 21,2А Исус им рече: „Зар можат сватовите да бидат нажалени додека е со нив младоженецот? Но ќе дојде време кога младоженецот ќе се оттргне од нив, па тогаш и тие ќе постат. 16#Јн 1,17; 2 Кор 5,17; Гал 4,9Никој не крпи стара облека со нова крпа, зашто таа ќе се отшие од старото и отворот ќе биде поголем; 17ниту, пак, се става ново вино во ста­ри мевови; инаку, мевовите ќе на­пу­к­нат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и ед­ното и другото.“
Чудата со болната жена и со ќерката на Јаир
(Мк 5,21-43; Лк 8,40-56)
18 # 19,15; Мк 5,23; 6,5; 7,32; Лк 13,13 Додека Тој им говореше за тоа, ете еден началник се приближи до Него, Му се поклонуваше и велеше: „Ќерка ми штотуку умре; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“ 19И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои; 20#14,36; 3 Мојс 15,25; 5 Мојс 22,12; Мк 6,56; Лк 6,19и ете, една жена, која беше стра­да­ла дванаесет години од крвавење, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова. 21Зашто си велеше: „Само ако се до­п­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“ 22#8,10; 10,22; Лк 7,50; Дела 3,16; 16,31А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час. 23И кога дојде Исус во куќата на на­чалникот и ги виде свирачите и народот ожалостени, 24#Лк 8,52; Јн 11,11; 1 Кор 15,18-20им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. 25#8,15Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа ста­на. 26#5,15; Лк 4,14.37И се расчу тоа по целиот тој крај.
Исус исцелува двајца слепи
27 # 1,1; 20,30-31; 2 Сам 7,12-17; Дела 2,30 А кога Исус си одеше оттаму, трг­наа по него двајца слепи и викаа: „Сми­лувај ни се, Исусе, сине Давидов!“ 28#8,10А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го напра­вам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“ 29#8,13; 15,28Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ва­ша!“ 30#8,4И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не дознае!“ 31А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.
Исус исцелува нем човек
(Лк 11,14-15)
32 # 12,22-24; Лк 11,14-15 # Мк 7,32.35 Додека тие излегуваа, ете, кај Него еден човек нем и бесомачен. 33#Мк 2,12; 7,37По изгонувањето на демонот, не­миот проговори. А народот се чудеше и говореше: „Никогаш такво нешто не станало во Израел.“ 34#12,24; Мк 3,22А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните со силата на начал­ни­кот на демоните.“
Исус сочувствува со народот
(Мк 6,6-34; Лк 10,2)
35 # 4,23 И одеше Исус по сите градови и се­ла и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието за Царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот. 36#14,14; 4 Мојс 27,17; 1 Цар 22,17; Ез 34,5.23; Зах 13,7; 2 Цар 18,16А штом виде многу народ, се со­жа­ли, зашто беа изморени и беспомошни како овци без пастир. 37#3,12; Лк 10,2; Јн 4,35-37Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работници има малку. 38#Јн 4,38Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“

Currently Selected:

Матеј 9: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy