YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 8

8
Исус исцелува лепрозен
(Мк 1,40-45; Лк 5,12-16)
1А кога се симна од гората, по Него врвеше многу народ. 2#10,8; 3 Мојс 13–14; Мк 1,40И ете, се приближи еден лепрозен. Му се поклонуваше и говореше: „Гос­поди, ако сакаш, можеш да ме очис­тиш.“ 3#2 Цар 5,13-14А Исус кога ја подаде раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“ И тој веднаш се очисти од лепрата. 4#9,30; 12,16; 17,9; 3 Мојс 14,1-32; Мк 1,34.44; Лк 5,14; 17,14И му рече Исус: „Гледај, никому да не кажеш; а оди, покажи им се на свеш­тениците и принеси дар, како што за­по­ве­дал Мојсеј, ним за сведоштво.“
Верата на еден стотник
(Лк 7,1-10; Јн 4,43-54)
5А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник#8,5 стотник т.е. центурион, римски офицер. и Го молеше говорејќи: 6„Господи, слугата мој лежи дома фа­тен и многу страда.“ 7Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го из­лекувам.“ 8#Пс 107,20А стотникот одговори и рече: „Гос­поди, не сум достоен да влезеш под мо­јот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави; 9зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ и тој доаѓа; и на слугата: ‚Направи тоа!‘ и тој прави.“ 10#8,1.26; 9,2.22; 15,28; 17,20; 21,21.25.32; 28,17; Мк 1,15; 16,11-14.16; Лк 8,12; 18,8; 24,11; Јн 3,12; Дела 3,16; Рим 1,16Кога го чу тоа, Исус се восхити и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ни во Израел не најдов толку голема вера. 11#Лк 13,29И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на тр­пеза со Авраам, Исак и Јаков во цар­ството небесно, 12#22,13; 24,51; 25,30; Лк 13,28а наследниците на царството ќе би­дат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“ 13#9,29; 15,28; Јн 4,52-53И му рече Исус на стотникот: „Оди си и, нека ти биде според верата твоја!“ И слугата негов во истиот час оздраве.
Исус исцелува мнозина
(Мк 1,29-34; Лк 4,38-41)
14 # Јн 4,52; Дела 28,8 Кога дојде во домот на Петар, Исус ја виде тештата негова како лежи болна од треска, 15#9,25; Мк 9,27и се допре до раката нејзина, и трес­ката ѝ помина; таа стана и им служеше. 16#4,24; Мк 1,32.34; 1 Сол 2,13; Евр 4,12А кога се стемни, доведоа кај Него мнозина обземени од демони, и Тој со еден збор ги изгони духовите и ги из­ле­кува сите болни, 17#Ис 53,4; Јн 1,29; 1 Птр 2,24за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој врз Се­бе ги зеде нашите немоќи и ги понесе болестите.“
Колебливи следбеници
(Лк 9,57-62)
18 # Мк 4,35-36 Кога виде околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна. 19Тогаш се приближи до Исус еден книжник и му рече: „Учителе, ќе Те следам каде и да одиш.“ 20#9,6; 10,23; 11,19; 12,8.32.40; 16,13.27-28; 17,9.12.22; 20,18.28; 24,27.30.37.39.44; 25,31; 26,2.24.45.64; Ез 2,1; Пс 84,3; Дан 7,13; Мк 2,10.28; Лк 6,22; 19,10; 22,48; Јн 1,51; 3,13-14; 6,53.62; 12,23.34; Дела 7,56; 2 Кор 8,9; Откр 1,13; 14,14А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да нас­лони.“ 21#4,22; 10,37; 1 Мојс 50,5; 1 Цар 19,20Друг, пак од учениците Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“ 22#Мк 2,14; Јн 1,43Но Исус му рече: „Врви по мене, и остави ги мртвите да ги погребува­ат своите мртовци!“
Исус смирува бура
(Мк 4,35-41; Лк 8,22-25)
23И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. 24#Јона 1,4И ете, голема бура го зафати морето, така што брановите го покриваа ко­работ, а Тој спиеше. 25Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нѐ, загинуваме!“ 26#Пс 65,7; 89,10; Мк 1,25; 9,25; Лк 4,39А Тој им рече: „Зошто сте толку плашливи, маловерни?“ Потоа стана, им се закани на ветровите и на морето, и настана голема тишина. 27#16,13; Мк 1,27А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се по­коруваат?“
Исус ослободува од демони
(Мк 5,1-20; Лк 8,26-39)
28И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двај­ца обземени од демони, кои излегоа от­кај гробиштата; беа толку лоши што никој не смееше да мине по тој пат. 29#1 Цар 17,18; Мк 1,23-24; Откр 13,6-7И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји!? Зар си дошол тука пред време да нѐ мачиш?“ 30А недалеку од нив пасеа голем број свињи. 31И демоните Го молеа и говореа: „Ако нѐ изгониш, дозволи ни да вле­зе­ме во свињине!“ 32И Тој им рече: „Отидете!“ И тие из­легоа и влегоа во свињите. И одеднаш сите свињи јурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата. 33А свињарите побегнаа и кога дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она што се беше случило со бесомачните. 34#Дела 16,39И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исус и кога Го видоа, Го за­молија да си оди од нивниот крај.

Currently Selected:

Матеј 8: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy