YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 7

7
Не судете, за да не ви се суди
(Лк 6,37-38.41-42)
1 # Пс 50,6; Лк 6,37; Рим 2,1-2; 14,10; 1 Кор 4,5; Јк 4,12 „Не судете, за да не бидете судени; 2#Мк 4,24; Лк 6,38; Јк 2,13зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка ме­ри­те, со таква и ќе ви се мери. 3#Јн 8,7Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а гредата во своето око не ја чувствуваш? 4Или, како ќе му кажеш на твојот брат: ‚чекај да ти ја извадам раската од око­то‘, кога во твоето око има греда? 5Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат!
Бисер пред свињите
6 # 15,26; 2 Мојс 29,33-34; 3 Мојс 2,3; 22,14 Светото не давајте им го на кучи­ња­та, и не фрлајте си го бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и, да се вратат, и да ве раскинат.“
Молете, барајте, чукајте
(Лк 11,9-13)
7 # 18,19; 21,22; 5 Мојс 4,29; Ер 29,12-13; Мк 11,24; Јн 11,22; 15,7; 16,23-24; Јк 1,5; 1 Јн 3,22; 5,14-15 „Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; 8зашто секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори. 9Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, ќе му даде ка­мен, 10и кога ќе посака риба, ќе му даде змија? 11#Јк 1,17И така, ако вие кои сте лоши, уме­ете да им давате на своите чеда добри дарови, колку ли повеќе вашиот Отец не­бесен ќе им даде добра на оние што Му бараат?
За ближниот
(Лк 6,31)
12 # 5,17; 22,40; Лк 6,31; Јн 1,45; Дела 24,14; 28,23; Рим 3,21; 13,8-10 Сѐ она што сакате да ви прават лу­ѓето, правете им го и вие; зашто тоа е Законот и пророците.“
Тесната врата
(Лк 13,24)
13 # 10,37-39; 5 Мојс 30,15; Ер 21,8; Лк 13,24 # Пс 1,1 „Влезете низ тесната врата; зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; 14#Јн 10,9-10а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина ги наоѓаат.“
Какво дрво, такви плодови
(Мт 12,33; Лк 6,43-44)
15 # 10,16; 24,4-5.11.14.24; 5 Мојс 13,2-6; 18,9-22; Ез 22,27; Лк 6,26; 2 Птр 2,1-3; Откр 19,20 „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи. 16#12,33; Лк 6,44; Јк 3,11-12По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? 17#12,33; Лк 6,45Па така, секое добро дрво дава доб­ри плодови, а лошо дрво дава лоши пло­дови; 18не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. 19#3,10; Лк 3,9; Јн 15,6Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. 20#Ер 24,5.8И така, по нивните плодови ќе ги познаете.“
Вистинските ученици
(Лк 6,46; 13,25-27)
21 # 25,11-12; Ис 29,13; Амос 5,21-22; Лк 6,46; 1 Јн 2,17 „Не секој што Ми вели: ‚Господи, Господи‘, ќе влезе во царството не­бесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. 22#24,36; Ис 10,3; Ер 14,14; 27,15Мнозина ќе Ми речат во оној ден ‚Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име де­мо­ни не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме?‘ 23#25,41; Пс 6,9; Лк 13,27; 2 Тим 2,12И тогаш Јас ќе им кажам: ‚Ни­ко­гаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!‘“
Градба на камен или на песок
(Лк 6,47-49)
24 # 5,19; Лк 8,21; Јк 1,22.25 „И така, секој што ги слуша и ги ис­полнува овие Мои зборови, ќе биде како мудар човек кој си изградил куќа на камен. 25#Изреки 10,25; 12,3.7И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, зашто беше изградена на камен. 26#Јн 12,47; Јк 1,23-24А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на глупав човек, кој си изградил куќа на песок. 27#Ез 13,10-14; Јов 8,15И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ѝ беше страш­но.“
Власта на Исус
(Мк 1,22; Лк 4,32)
28 # Мк 1,22; Лк 4,32 # 13,53; 19,1; 26,1; Лк 7,1 И кога ги заврши овие зборови, на­родот се чудеше на Неговото учење, 29#15,2зашто Тој ги поучуваше како Оној Кој има власт, а не како книжниците.

Currently Selected:

Матеј 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy