YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 25

25
Парабола за десетте девојки
1 # Лк 12,35-36 „Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот. 2Петте од нив беа мудри, а петте не­ра­зумни. 3Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло; 4а мудрите, заедно со светилките, зе­доа во садовите свои и масло; 5#24,48; 2 Птр 3,9и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. 6#Лк 17,34; 1 Сол 5,2А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пре­че­ка­те!‘ 7Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки. 8#Изреки 13,9Неразумните, пак, им рекоа на муд­рите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘ 9Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: по­добро одете кај продавачите и купете си!‘ 10#24,44; Откр 19,7.9А кога тие отидоа да купат, прис­тигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија. 11#Лк 13,25Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘ 12#7,23; Лк 13,27А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘ 13#24,36.42; Мк 13,33И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“
Парабола за талантите
(Лк 19,11-27)
14 # Лк 19,12 „Зашто, Тој ќе постапи како чо­ве­кот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; 15и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина. 16Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти; 17и исто така и оној што зеде два та­ланта, спечали други два; 18а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри па­ри­те на својот господар. 19#18,23По долго време дојде господарот на тие слуги и побара да му поднесат сметка. 20И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил уште пет.‘ 21#19,28; Лк 12,44; 16,10Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘ 22Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, ете, со нив спечалив уште два.‘ 23#Јн 15,11Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘ 24Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си ве­ел, 25па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘ 26А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел, 27требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка; 28земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти; 29#13,12; Лк 19,26зашто секому, што има, ќе му се да­де и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; 30#8,12а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“ (Откако го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе.“)
Судниот ден
31 # 16,27; 19,28; Зах 14,5; Мк 8,38; Лк 9,26; Јуда 1,14 „А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, 32#13,49; Ез 34,17и ќе се соберат пред Него сите народи, па ќе ги оддели едни од други, како што ги одделува овците од козите; 33#22,44; Пс 110,1и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата. 34#Лк 22,30; Ефес 1,4Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ‚Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од по­четокот на светот; 35#Ис 58,7; Јов 31,32; Лк 14,12-14; Дела 6,1-3зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, стра­нец бев и Ме примивте; 36#Лк 3,11; 2 Тим 1,16-18; Евр 13,3необлечен бев и Ме облековте; бо­лен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘ 37Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? 38Кога те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? 39Кога Те видовме болен, или во зат­вор и Те посетивме?‘ 40#10,40.42; 18,5; Изреки 19,17; Јн 20,17; Откр 11,15А Царот ќе им одговори и ќе рече: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го на­правиле тоа за еден од овие Мои најма­ли браќа, за Мене сте го направиле.‘ 41#7,23; 2 Сол 1,9; Јуда 1,7Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‚Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели! 42#Јов 22,7Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; 43#10,14; Јов 22,6; Лк 9,53странец бев и не Ме прибравте; не­облечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘ 44Тогаш и тие ќе Му одговорат и ре­чат: ‚Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор – не Ти пос­лу­живме?‘ 45Тогаш ќе им одговори и рече: ‚До­колку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали браќа ни за Мене не сте го направиле.‘ 46#Дан 12,2; Јн 5,29И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.“

Currently Selected:

Матеј 25: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy