YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 11

11
1 # 7,28 И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.
Пратеници од Јован Крстител
(Лк 7,18-35)
2 # 3,1 А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца свои ученици 3#3,11; 5 Мојс 18,15и му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“ 4Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате: 5#8,3; Ис 26,19; 29,18; 35,5; 35,6; 42,7.18; 61,1; Лк 4,18слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Еван­ге­ли­е­то. 6#13,57; Јн 6,61И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“ 7#3,1.5-6А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот? 8Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски па­лати се. 9#14,5; 16,14Па, што излеговте да видите? Про­рок ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк! 10#2 Мојс 23,20; Мал 3,1; Мк 1,2; Лк 1,76; 7,27; Јн 3,28Зашто тој е оној за кого е на­пи­ша­но: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое; тој ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘ 11Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крс­тител, но најмалиот во царството не­бес­но е поголем од него! 12#Лк 16,16А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат, 13зашто сите Пророци и Законот пророкуваа до доаѓањето на Јован. 14#17,3.10-13; Мал 3,23И, ако сте подготвени да го прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде. 15#5 Мојс 29,3; Ис 32,3; Пс 115,6; Лк 8,8; Откр 2,7Кој има уши да слуша, нека чуе!“ 16„А со кого да го споредам овој род? Тој личи на деца што седат по паза­риш­тата, па им довикуваат на своите другари 17и велат: ‚Ви свиревме и не игравте; ви пеевме жални песни и не плачевте.‘ 18#3,4; 9,10-11; Лк 1,15Зашто дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, а тие велат: ‚Демон има во Него.‘ 19#8,20; 9,11.14; Лк 15,1-2Дојде Синот Човечки, Кој и јаде и пие, и велат: ‚Еве човек ненаситен и пи­јаница, пријател на цариници и греш­ници.‘ Но мудроста се оправда преку своите дела.“
Грешни градови
(Лк 10,13-15)
20 # 13,58; Дан 9,13; Јн 15,24 Тогаш почна Исус да ги укорува градовите во кои се извршија повеќето Негови чуда, бидејќи не се покајаа. 21#15,21; Ис 23,1-8; Ез 26; Мк 8,22; Лк 6,17„Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Ако во Тир и Сидон беа чуда, што станаа кај вас, тие одам­на би се покајале во вреќиште и пепел; 22но ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во судниот ден отколку вам! 23#Ис 14,13-15И ти, Капернауме, што си се воз­дигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен; зашто, ако во Содом се беа извршиле чудата што станаа во тебе, тој и до ден денес ќе останеше. 24#10,15; Лк 10,12Но ви велам дека на земјата Содом­ска ќе ѝ биде полесно на судниот ден, отколку тебе.“
Исусовиот повик
(Лк 10,21-22)
25 # 10,42; 13,11; Дан 2,3-13.18-19; Јн 7,48-49; 1 Кор 1,17-29 Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата! 26Да, Оче, зашто таква беше вол­ја­та Твоја. 27#4,3; 16,17; 21,37; 24,36; 28,18; Мк 14,36; Лк 2,49; Јн 1,18; 3,35; 10,15; 20,17; Рим 8,14-17.29; Фил 2,9Сѐ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Оте­цот; ниту Отецот Го познава некој ос­вен Синот, и кому што сака Синот да Го открие. 28#Ер 31,25; Пс 34,18Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. 29#5,5; Ер 6,16; Изреки 3,17; Дела 15,10; Гал 5,1; Јк 1,21Земете го Мојот јарем на себе и по­учете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за ду­шите ваши. 30#1 Јн 5,3Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“

Currently Selected:

Матеј 11: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy