YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 9

9
Исус исцелува фатен човек
(Мк 2,1-12; Лк 5,17-26)
1Тогаш Тој откако влезе во коработ, премина и пристигна во Својот град. 2#Лк 5,18.20; 7,48 И ете, донесоа кај Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му ре­че: „Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои!“ 3#12,31; 26,65; 3 Мојс 24,11-16; Јн 10,33-36; Дела 6,11Тогаш некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој богохулствува!“ 4#12,25; Пс 93,11; Јн 1,48; 2,25А Исус штом ги разбра нивните мисли, им рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? 5Што е полесно да се каже: ‚Ти се простуваат гревовите!‘ или да се каже: ‚Стани и оди!?‘ 6#8,20; Дан 7,14; Лк 5,24; Јн 5,8; Дела 9,34Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштева гре­во­ви.“ Тогаш му рече на фатениот: „Ста­ни, земи си ја постелата и оди си дома!“ 7И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. 8#15,31; Лк 5,26; Дела 4,21А народот кога го виде тоа, се восхити и Го прослави Бога, Кој им даде таква власт на луѓето.
Исус го повикува Матеј
(Мк 2,13-17; Лк 5,27-32)
9 # 8,22; 10,3; Дела 1,13 А заминувајќи оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи во царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него. 10#5,46; Лк 15,1И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина цариници и греш­ни­ци дојдоа и седнаа до Него и до уче­ни­ците Негови. 11#3,7; Лк 15,2Но штом го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: „Зошто вашиот Учител јаде и пие со цариници и грешници?“ 12#1 Тим 1,15А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните; 13#12,7; Ос 6,6одете и научете се што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, ту­ку грешниците на покајание.“
Прашања за постот. Старото и новото
(Мк 2,18-22; Лк 5,33-39)
14 # Јн 3,25 Тогаш кај Него дојдоа учениците Јованови и рекоа: „Зошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат!?“ 15#Ис 62,4-5; Ер 2,2; Ез 16; Ос 1–3; Јн 3,29; 16,20; 2 Кор 11,2; Откр 21,2А Исус им рече: „Зар можат сватовите да бидат нажалени додека е со нив младоженецот? Но ќе дојде време кога младоженецот ќе биде оттргнат од нив, па тогаш и тие ќе постат. 16#Јн 1,17; 2 Кор 5,17; Гал 4,9Затоа што никој не крпи стара об­лека со нова крпа, зашто таа ќе се от­шие од старото и отворот ќе биде по­голем; 17ниту, пак, се става ново вино во ста­ри мевови; инаку, мевовите ќе напу­к­нат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото.“
Чудата со болната жена и со ќерката на Јаир
(Мк 5,21-43; Лк 8,40-56)
18 # 19,15; Мк 5,23; 6,5; 7,32; Лк 13,13 Додека Тој им говореше за тоа, ете еден началник пријде до Него, Му се поклонуваше и велеше: „Ќерка ми штотуку умре; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“ 19И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои; 20#14,36; 3 Мојс 15,25; 5 Мојс 22,12; Мк 6,56; Лк 6,19и ете, една жена, која боледуваше дванаесет години од крвотечение, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова. 21Зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оз­дра­вам.“ 22#8,10; 10,22; Лк 7,50; Дела 3,16; 16,31А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час. 23И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот вознемирени, 24#Лк 8,52; Јн 11,11; 1 Кор 15,18-20им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. 25#8,15Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа ста­на. 26#5,15; Лк 4,14.37И се расчу тоа по целата таа земја.
Исус исцелува двајца слепи
27 # 1,1; 20,30-31; 2 Цар 7,12-17; Дела 2,30 А кога Исус си одеше оттаму, тргнаа по него двајца слепи и викаа: „Смилувај ни се, сине Давидов!“ 28#8,10А штом дојде в куќи, слепите пријдоа до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го на­пра­вам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Гос­поди!“ 29#8,13; 15,28Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ваша!“ 30#8,4И очите им се отворија; а Исус им заповеда велејќи: „Гледајте, никој да не дознае!“ 31А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.
Исус исцелува нем човек
(Лк 11,14-15)
32 # 12,22-24; Лк 11,14-15 # Мк 7,32.35 Додека тие излегуваа, ете, кај Него доведоа еден човек нем и бесомачен. 33#Мк 2,12; 7,37По изгонувањето на демонот, немиот проговори. А народот се чуде­ше и говореше: „Никогаш такво нешто не станало во Израил.“ 34#12,24; Мк 3,22А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните преку начал­никот на демоните.“
Исус сочувствува со народот
(Мк 6,6-34; Лк 10,2)
35 # 4,23 И одеше Исус по сите градови и села и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието за цар­ството и лекуваше секаква болест и секаква не­моќ во народот. 36#14,14; 4 Мојс 27,17; 3 Цар 22,17; Ез 34,5.23; Зах 13,7; 2 Цар 18,16А штом виде многу народ, се сожали над нив, зашто беа изморени и напуштени како овци без пастир. 37#3,12; Лк 10,2; Јн 4,35-37Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работниците се малку. 38#Јн 4,38Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“

Currently Selected:

Матеј 9: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy