YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 27

27
Исус пред Пилат
(Мк 15,1; Лк 23,1-2; Јн 18,28-32)
1 # 12,14; Мк 3,6; 15,1; Лк 22,66 А кога се раздени, сите првосвеш­теници и старешини напра­вија договор против Исус за да Го убијат; 2#Лк 3,1; 23,1; Јн 18,28и откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.
Самоубиството на Јуда
(Дела 1,18-19)
3 # 26,15 Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на прво­свештениците и старешините, 4#27,24велејќи им: „Згрешив, зашто пре­дадов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“ 5#Зах 11,13Тој ги фрли сребрениците во хра­мот, излезе и отиде, та се обеси. 6Првосвештениците ги собраа сребрениците и рекоа: „Не чини да се стават во касата на храмот, бидејќи се цена за крв.“ 7Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за погребување на странци. 8#Дела 1,19Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива. 9#Ер 32,6-9; Зах 11,12-13#1,22Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија, кој вели: „И ги зедоа три­есетте сребреници, цената на Непро­цен­ливиот, Кого Го оценија синовите Израилеви, 10#Ер 18,2-3; 19,1-2; 32,6-15и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“
Пилат Го сослушува Исус
(Мк 15,2-15; Лк 23,2-5.13-25; Јн 18,28–19,16)
11 # 2,2; Јн 18,33.37 И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти велиш.“ 12#26,63И кога Го обвинуваа првосвеш­те­ни­ците и старешините, Тој ништо не од­говараше. 13Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“ 14#Мк 14,61И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу. 15#Јн 18,39А на секој Празник управ­ни­кот имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник, кого тие сакаа. 16Тогаш тие имаа еден прочуен зат­вореник, по име Варава. 17#1,16И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?“ 18Зашто знаеше дека Го беа предале од завист. 19#Јн 19,13; Дела 12,21А во тоа време, кога тој седеше во судот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, заш­то денеска многу пострадав на сон заради Него.“ 20Но првосвештениците и стареши­ните го наговорија народот да го измоли Варава, а Исуса да Го погуби. 21#Јн 18,40Тогаш управникот одговарајќи им рече: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава!“ 22#Дела 3,13; 13,28Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одговорија сите: „Да биде распнат!“ 23#Јн 19,6.15Управникот рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“ 24#Дела 18,6#5 Мојс 21,6-8; Пс 25,6; 73,13; Јн 12,19Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде во­да, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Пра­ведник; мислете му вие!“ 25#23,35; 2 Цар 1,13-16; Ер 26,15; 51,35; Дела 5,28И одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“ 26#10,17; 23,34Тогаш им го пушти Варава, а Исуса, откако Го камшикуваа, Го пре­да­де да биде распнат.
Исусовите понижувања
(Мк 15,16-20; Лк 23,11; Јн 19,2-3)
27Потоа војниците на управникот Го зедоа Исуса во судницата и ја собраа целата чета околу Него, 28па, откако Го соблекоа, Му облекоа багреница; 29#Пс 21,7; 44,14исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и поклонувајќи се на колена пред Него, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудеј­ски!“ 30#26,67; Ис 50,6И плукаа на Него, ја зедоа трската и Го удираа по главата. 31А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
Исусовото распнување
(Мк 15,21-32; Лк 23,26-43; Јн 19,17-27)
32 # Дела 2,10; 11,20 На излегување сретнаа еден Ки­ри­неец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот. 33#Јн 19,17И кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепница, 34Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие. 35А штом Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка; 36па седеа таму и Го чуваа; 37и Му кладоа над главата натпис, со вината Негова: „Овој е Исус, Царот Јудејски.“ 38Тогаш распнаа со Него и двајца разбојници; едниот од десната страна, а другиот од левата. 39А минувачите, вртејќи ги главите свои, Го хулеа 40#14,33; 26,61и велеа: „Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси! Ако си Син Божји, симни се од крстот!“ 41#27,29Исто така и првосвештениците, книжниците, старешините и фарисе­ите, потсмевајќи се говореа: 42#Јн 1,49„Други спасуваше, а Себеси не може да се спаси! Ако е Тој Цар Израилев, нека слезе сега од крстот, па ќе поверуваме во Него. 43#4,3.6; Пс 21,9; Мудр 2,13.18-20; Јн 1,34; 10,36Се надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако е по волјата Негова, бидејќи говореше: ‚Син Божји Сум!‘“ 44Така и разбојниците, распнати со Него, Го исмејуваа.
Исусовата смрт
(Мк 15,33-41; Лк 23,44-49; Јн 19,28-30)
45 # 2 Мојс 10,22; Амос 8,9; Лк 23,44 А од шестиот#27,45 Околу 12 часот напладне. час настана темнина по целата земја, до деветтиот час; 46#Пс 22,2а околу деветтиот#27,46 Околу 15 часот. час извика Исус со силен глас и рече: „Или! Или! Лима савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“ 47#11,14А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“ 48#Пс 68,21 И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие. 49Другите, пак, велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спа­си!“ 50А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот. 51#2 Мојс 26,31-35; Евр 10,20И ете, се расцепи завесата на хра­мот на две – од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи се распаднаа. 52#Ис 26,19; Ез 37,12; Дан 12,2; 1 Птр 3,19И гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; 53#Откр 21,2па кога излегоа од гробовите, по воскресението Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина. 54#4,3; 14,33; 17,6; 27,40.43А стотникот и оние што со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“ 55#Лк 8,2-3; 23,49.55Таму беа и гледаа оддалеку многу жени, коишто врвеа по Исус од Галилеја и Му служеа. 56#20,20; 27,61; Мк 15,40.47; 16,1.9; Лк 24,10Меѓу нив беа Марија Магдалена и Марија, мајка им на Јаков и Јосиф, и мајката на Заведеевите синови.
Исусовиот погреб
(Мк 15,42-47; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)
57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исус; 58#5 Мојс 21,22-23тој отиде кај Пилат и го побара телото Исусово. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото. 59#Јн 19,40А Јосиф, штом го зеде телото, Го завитка во чисто платно, 60#28,2; Ис 53,9; Мк 16,3-4; Дела 13,29и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во камен; па, откако постави голем камен над гробната врата, си отиде. 61#27,56; 28,1; Јн 19,25А таму беа Марија Магдалена и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
Стражата на Исусовиот гроб
62 # Мк 15,42; Лк 23,54 Утредента, пак, по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат, 63#16,21; 20,19и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам!‘ 64#28,13; 2 Птр 2,20 Затоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат уче­ни­ците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“ 65Пилат им рече: „Имате стража; одете и чувајте го како што знаете.“ 66Тие отидоа и со стража го чуваа гробот, а каменот го запечатија.

Currently Selected:

Матеј 27: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy