YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 24

24
Навестување за разурнувањето на храмот во Ерусалим
(Мк 13,1-2; Лк 21,5-6)
1И кога излезе Исус од храмот и си одеше, Му пријдоа учениците Негови за да Му ги покажат градбите на храмот. 2#Лк 19,44А Исус им рече: „Не го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ниту камен на камен, а да не биде урнат.“
Неволји и прогонства
(Мк 13,3-13; Лк 21,7-19)
3 # 5,1; 10,23; 13,39; 1 Кор 15,23; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15; 5,23; 2 Сол 2,1.8; Јк 5,7-8; 2 Птр 3,4.12; 1 Јн 2,28 И кога седеше на Маслиновата Гора, Му пријдоа учениците Негови на­са­мо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“ 4#Ер 29,8; Откр 12,9А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој; 5#Ер 14,14зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ‚Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина. 6#Дан 2,28Ќе слушате за војни и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, заш­то сето тоа треба да биде; но тоа уште не е крајот. 7#Ис 19,2; 2 Лет 15,6Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на места ќе има глад, помор и потреси; 8#Ис 13,8; Ос 13,13; Јн 16,21; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2а сето тоа е почеток на страдањата. 9#Јн 15,18Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име. 10Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат; 11#7,15; 2 Птр 2,1многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; 12#Лк 18,8; 2 Сол 2,3и бидејќи беззаконијата ќе се ум­ножат, кај мнозина љубовта ќе олади. 13#10,22.32А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен. 14#26,13; 28,19; Мк 16,15; Рим 10,18И ќе биде проповедано ова Еван­гелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“
Гнасниот пустошник
(Мк 13,14-23; Лк 21,20-24)
15 # Дан 9,27; 11,31; 12,11; 1 Мак 1,54 „Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниил – кој чита нека разбере, 16тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат по планините; 17#Лк 17,31 кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја; 18#1 Мојс 19,26и кој е на нива, нека не се враќа назад за да ги земе алиштата свои! 19#Лк 23,29Но тешко на бремените и на доилките во тие дни! 20Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота; 21#Дан 12,1; Откр 7,14; 16,18зашто тогаш ќе има голема неволја, каква што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе има. 22И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни. 23#Лк 17,21.23Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘ или ‚таму е‘ – не верувајте! 24#5 Мојс 13,1-3; 2 Сол 2,3-4.9Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат голе­ми знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните. 25Ете, однапред ви кажав. 26И така, ако ви речат: ‚Ете, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ‚ете, во скришните одаи е‘ – не верувајте! 27#8,20Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. 28#Јов 39,30; Лк 17,37; Јн 7,27Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“
Враќањето на Синот Човечки
(Мк 13,24-27; Лк 21,25-28)
29 # Ис 13,10; 34,4; Амос 8,9 „И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвезди ќе паѓаат од небото, и силите небески ќе се разнишаат. 30#16,27; 26,64; 2 Мојс 19,16; 34,5; Зах 12,10-12; Дан 7,13; 7,14; Откр 1,7Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе заплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Си­нот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и голема слава; 31#13,41; 5 Мојс 30,3-4; Неем 1,9; 1 Сол 4,16и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.“
Споредба со смоквата
(Мк 13,28-31; Лк 21,29-33)
32„Научете ја параболата од смоквата: штом ќе се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото. 33#Јк 5,9; Откр 3,20Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата. 34#10,23; 16,28; Ис 51,6Вистина ви велам: нема да мине овој род додека сето ова не се исполни. 35#5,18; Пс 101,26Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат.“
Денот и часот – непознати!
(Мк 13,32-37; Лк 17,26-30.34-36)
36 # Зах 14,7; Мк 13,32.35; Дела 1,7 „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец; 37но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; 38#1 Мојс 7,7.13; 2 Птр 3,6зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, 39#1 Сол 5,3и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сѐ – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки. 40Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен; 41две жени ќе мелат со рачна мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена. 42#25,13; Лк 12,37.39-40; 1 Сол 5,1.6Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. 43#1 Сол 5,2.4; Откр 3,3Знајте го и ова: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата. 44Затоа и вие треба да бидете подготвени, зашто Синот Човечки доаѓа во часот кога не очекувате.“
Верни и неверни служители
(Лк 12,41-48)
45 # Пс 103,27; 105,21; Лк 12,42 „Кој е, пак, тој верен и мудар слуга, кого ќе го постави господарот негов над слугите свои да им дава навреме храна? 46Блазе на тој слуга, кого, кога ќе дојде господарот негов, го наоѓа дека постапува така; 47#19,28; 25,21.23вистина ви велам дека над целиот свој имот ќе го постави него. 48#2 Птр 3,4Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето свое: ‚Господарот мој уште за долго време нема да дојде‘, 49па почне да ги тепа другарите свои и да јаде и пие со пијаниците, 50#24,42господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува, и во час што не го знае; 51#8,12и ќе го расече на две, и ќе му даде удел со лицемерите; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“

Currently Selected:

Матеј 24: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy