YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 21

21
Христовото свечено влегување во Ерусалим
(Мк 11,1-11; Лк 19,28-40; Јн 12,12-19)
1 # Зах 14,4; Мк 11,1; 14,13 А кога наближија до Ерусалим и дојдоа до Витфагија, кај Масли­новата Гора, Исус испрати двајца уче­ници 2#1 Мојс 49,11 и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана магарица и младо магаре со неа; одврзете ги и доведете Ми ги! 3А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господ, и веднаш ќе ги прати.“ 4#1,22А сето тоа стана за да се исполни кажаното преку пророкот, кој вели: 5#11,29; Ис 61,11; Зах 9,9„Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток и седи на магарица и младо магаре, син на подјаремница.“ 6#26,19Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус. 7#Јн 12,14Ги доведоа магарицата и младото магаре и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Тој седна над нив. 8#3 Цар 1,33; 4 Цар 9,13А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот; 9#23,39; Пс 118,25.26; Пс 147,1; Јов 16,19; Лк 13,35а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“ 10#2,3И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, велејќи: „Кој е овој?“ 11#5 Мојс 18,15; Лк 24,19; Јн 4,19; 7,40; 9,17; Дела 3,22-23А народот говореше: „Овој е Исус, пророкот од Назарет галилејски.“
Изгонување на трговците од храмот
(Мк 11,15-19; Лк 19,45-48; Јн 12,12-16)
12 # Неем 13,7-8; Јн 2,14-15 И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на мену­ва­чи­те и столовите на оние што продаваа гулаби, 13#Ис 56,7; Ер 7,11и им рече: „Напишано е: ‚Домот Мој нека се нарече дом за молитва‘, а вие го направивте разбојничка пеш­тера.“ 14#11,4; 3 Мојс 21,18; 2 Цар 5,8И дојдоа кај Него во храмот куци и слепи, и Тој ги излекува. 15#4 Мојс 14,22А првосвештениците и книж­ни­ци­те, кога ги видоа чудата што ги на­пра­ви, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Давидовиот Син!“, негодуваа, 16#Пс 8,3; Јн 12,19и му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале: ‚Од устата на ново­роденчиња и од доенчиња Ти си при­гот­вил пофалба?‘“ 17#Мк 11,1.11; Лк 21,37И кога ги остави, излезе надвор од градот, во Витанија, и таму преноќи.
Смоквата што не дава плод
(Мк 11,12-14.20-24)
18А утредента, враќајќи се во градот, огладне; 19#Ос 9,16; Лк 13,6-9и виде покрај патот смоква, па отиде до неа; откако не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Од сега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши. 20Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“ 21#17,20; Лк 17,6; Јк 1,6А Исус им одговори и рече: „Вистина, ви велам: ако имате вера и не се посомневате, не само тоа што стана со смоквата ќе го правите, туку, ако и на оваа планина ѝ речете – дигни се и фрли се в море, ќе биде. 22#7,7-8; Мк 11,24И сѐ што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете.“
Прашања за Исусовите овластувања
(Мк 11,27-33; Лк 20,1-8)
23 # 7,29; 28,18 И кога дојде Тој во храмот и поучуваше, пристапија кон Него првосвештениците и старешините народни и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“ 24А Исус им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одго­ворите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова. 25#21,32; Лк 7,30; Јн 3,27Крштевањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа меѓу себе и велеа: „Ако кажеме – од небото, ќе ни рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘ 26#14,5; 21,46А ако речеме: – од луѓето, се пла­ши­ме од народот; зашто сите го сме­таа Јован за пророк.“ 27И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“
Парабола за двата сина
28 # 20,1.4; Лк 15,11 „Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘ 29Тој одговори и рече: ‚Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде. 30Отиде и кај вториот, и му го рече истото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде. 31#6,10; Лк 18,9-14Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му рекоа: „Првиот.“ Тогаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците пред вас ќе влезат во царството Божјо: 32#Лк 7,37-50; 19,1-10зашто дојде кај вас Јован по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се предомисливте отпосле за да му поверувате.“
Парабола за немилосрдните лозари
(Мк 12,1-12; Лк 20,9-19)
33 # Ис 5,1-2 „Чујте друга парабола! Беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа во него бунар, направи кула и, откако им го предаде на лоза­рите, си отиде. 34#22,3И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да ги земат плодовите негови. 35#22,6; 23,37Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. 36#22,4Тој повторно испрати други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто. 37#Јн 3,16-17; 1 Јн 4,9Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од син ми.‘ 38#Гал 4,7Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.‘ 39#Јн 19,17; Евр 13,12Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. 40Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ 41Му одговорија: „Злосторниците жестоко ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“ 42#Ис 28,16; Пс 117,22-23; Дела 4,11; 1 Птр 2,4-8А Исус им рече: „Зар никогаш не сте читале во Писмата: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘ 43#Дела 13,46Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови. 44#Мк 11,18; Лк 20,18; Рим 11,11И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“ 45И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив, 46#14,5; 16,14; 21,26па настојуваа да Го фатат; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.

Currently Selected:

Матеј 21: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy