YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 2

2
Мудреците од исток
1 # 2,5; Дан 2,2.10; Лк 1,5; 2,1-7 А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во времето кога царуваше Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа: 2#27,11.29.37; 4 Мојс 24,17„Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.“ 3Штом го чу тоа, царот Ирод се воз­немири и цел Ерусалим со него. 4И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги праша: „Каде ќе се роди Христос#2,4 Месијата?“ 5А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот: 6#2 Цар 5,2; Мих 5,1; 1 Цар 11,2; Јн 7,42; Евр 7,14‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу владетелствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“ 7Тогаш Ирод тајно ги повика мудре­ци­те и го дозна од нив времето кога се појавила ѕвездата, 8#1 Цар 23,23па, испраќајќи ги во Витлеем, им рече: „Одете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да дојдам и јас да Му се пок­ло­нам.“ 9Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа ви­деле на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре одозгора каде што беше Младенецот. 10А кога ја видоа ѕвездата, тие многу се зарадуваа со голема радост. 11#Ис 49,23; 60,6; Пс 71,10-15И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна. 12#1,20; 1 Мојс 20,3-7; 31,24; 46,2-4; 3 Цар 13,9; Дела 16,9И откако на сон примија вест да не се враќаат кај Ирод, по друг пат заминаа за својата земја.
Бегството во Египет
13 # 1,20; 3 Цар 11,17.40; 4 Цар 25,26; Ер 26,21 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и ос­та­ни таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.“ 14И откако стана, Го зеде Новоро­ден­чето и мајка Му ноќно време и отиде во Египет. 15#1,22; Ос 11,1И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Мој.“
Убиството на витлеемските деца
16Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите деца во Вит­леем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците. 17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори: 18#Ер 31,15„Глас се слушна во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила ги оп­лакува своите чеда и не сака да се уте­ши, зашто ги нема.“
Враќање од Египет. Населување во Назарет
19А по смртта на Ирод, ангел Гос­по­дов му се јави на сон на Јосиф во Еги­пет 20#2 Мојс 4,19-20и му рече: „Стани, земи го Мла­де­нецот и мајка Му, и оди во земјата из­ра­илева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“ 21#2,14А тој откако стана, Го зеде Мла­де­нецот и мајка Му, и дојде во земјата израилева. 22#3,13; 4,23; Ис 9,1; Јн 4,3Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото од татка си Ирод, се упла­ши да оди таму; и откако доби вест на сон, тој замина во галилејските предели. 23#21,11; Ис 11,1; Јн 1,45А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека ќе се нарече Назареец.

Currently Selected:

Матеј 2: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy