YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 19

19
За разводот
(Мк 10,1-12; Лк 16,18)
1 # 7,28 Кога ги заврши Исус тие збо­рови, замина од Галилеја и дојде во пределите јудејски, отаде Јордан. 2#12,15По Него идеше многу народ и Тој ги исцели таму. 3#16,1; Лк 11,54; Јн 8,6И Му пристапија фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Дали му е допуштено на човек да ја остави жената своја за каква и да било причина?“ 4#1 Мојс 1,27; 5,2Тој им одговори и рече: „Не сте ли читале, дека Оној што ги создаде во по­четокот, машко и женско ги создаде, 5#1 Мојс 2,24; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31и рече: ‚Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.‘ 6#1 Кор 7,10Па така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува.“ 7#5,31; 5 Мојс 24,1Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да се даде разводно писмо и таа да се отпушти?“ 8Тој им рече: „Заради тврдокорноста на вашите срца Мојсеј ви дозволи да ги отпуштате жените свои; но во почетокот не беше така. 9#5,32; Лк 16,18; 1 Кор 7,10-11Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, тој врши прељуба; и оној, што ќе се ожени со на­пуштена, исто така прељубодејствува.“
Брак и безбрачност
10 # 1 Кор 7,1 Учениците Негови Му рекоа: „Ако е таква положбата на човекот кон жената, подобро да не се жени!“ 11#1 Кор 7,17 А Тој им рече: „Не може секој да го прифати кажаново, освен оние на кои им е дадено; 12#1 Кор 7,1.7-8.32-34зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и скопени, кои самите себе се скопиле заради царството небесно. Кој може да прифати, нека прифати.“
Исус ги благословува децата
(Мк 10,13-16; Лк 18,15-17)
13 # Лк 9,47; 1 Тим 4,14 Тогаш кај Него доведоа деца, за да ги положи рацете над нив и да се помоли, а учениците им забрануваа. 14#18,3-4Но Исус рече: „Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“ 15#Мк 10,16И откако ги положи рацете над нив, си отиде оттаму.
За богатиот млад човек
(Мк 10,17-31; Лк 13,30; 18,18-30)
16 # Лк 10,25 И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“ 17#3 Мојс 18,5; Ез 18,21; Лк 10,28; Јк 2,10А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги запо­ведите.“ 18#15,4; 2 Мојс 20,12-16; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9Тој Му рече: „Кои?“ А Исус одго­вори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно; 19почитувај го татка си и мајка си; љуби го ближниот свој како себеси!“ 20Младичот Му рече: „Сето тоа сум го запазил од својата младост; што уште ми недостасува?“ 21#5,3.48; 6,20; Кол 3,1-2Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!“ 22#Лк 12,15-21Штом го чу младиот човек кажаново, си отиде натажен, бидејќи имаше многу имот. 23#Мк 10,23-27; Лк 18,24-27А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, дека богат тешко ќе влезе во царството небесно; 24#1 Кор 1,26и уште ви велам: полесно ѝ е на ка­милата да мине низ иглени уши, от­колку на богатиот да влезе во царството Божјо.“ 25Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ 26#1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Зах 8,6; Јов 42,2; Лк 1,37А Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“ 27#4,20.22Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сѐ, и по Тебе појдовме: што ќе стане, со нас?“ 28#8,20; Дан 7,22; Лк 22,30; 1 Кор 6,2; Откр 3,21; 21,1.12А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, во новиот свет, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви колена; 29#Лк 14,26и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе добие стопати повеќе и ќе наследи живот вечен. 30#20,16; Лк 13,30Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“

Currently Selected:

Матеј 19: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy