YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 10

10
Дванаесетте апостоли
(Мк 3,13-19; Лк 6,12-16)
1 # 8,29; Мк 1,34; 3,13.15; 6,7; Лк 9,1 И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ. 2#4,18.21; Мк 1,16; Лк 9,54; Јн 1,40-42; Дела 1,13.26; Откр 21,14А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар и Андреј братот негов; Јаков Заведеев и Јован, братот негов; 3#9,9; Мк 2,14; Јн 1,43-46.48; 6,5.7; 12,21-22; 14,5.8-9; 20,24-28Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј, цариникот, Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј; 4#26,14; Јн 6,71; 12,4; 13,2.26; 18,2.5Симеон Кананит и Јуда Искари­отски, кој и Го предаде.
Мисијата на апостолите
(Мк 6,7-13; Лк 9,1-6)
5 # Лк 9,52-53; 10,30-37; Јн 4,9.40; 17,3.18; Дела 1,8 Овие дванаесетмина ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте; 6#15,24; Ер 50,6а одете најнапред кај загубените овци на Израилевиот дом. 7#3,2И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; 8#Ис 55,1; Лк 10,9; Дела 8,20болни лекувајте, лепрозни очисту­вај­те, мртви воскреснувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бес­платно давајте! 9#Мк 6,8; Лк 9,3; 10,4Не носете во појасите ваши ниту злато, ниту сребро, ниту бакар, 10#4 Мојс 18,31; 5 Мојс 24,14-15; Лк 10,7; 1 Кор 9,14; 1 Тим 5,18ниту торба за пат, ниту двојни алиш­та, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата прехрана! 11#Мк 6,10А штом влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен, и таму останете додека не си отидете. 12#Лк 10,5-6И кога ќе влезете во куќата, поздравете ја говорејќи: ‚Мир во овој дом!‘ 13И ако куќата биде достојна, вашиот мир ќе дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас! 14#Мк 6,11; Лк 9,5; 10,10-11; Дела 13,50-51Ако, пак, некој не ве прими и не ги послуша зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши! 15#11,23-24; 1 Мојс 18–19; Лк 10,12; 17,29; Рим 9,29; 2 Птр 2,6; Јуда 1,7Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“
За прогонствата
(Мк 13,9-13; Лк 12,11-12; 21,12-17)
16 # Лк 10,3; Јн 10,12; Дела 20,29 „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и не­злобни како гулаби. 17Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагоги­те нивни ќе ве тепаат. 18#24,14; Пс 118,46; Јн 15,27; 16,1-4И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за сведоштво пред нив и пред незнабошците. 19#2 Мојс 4,10-12; Ер 1,6-10; Лк 12,11-12; Дела 4,8.31Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете. 20#2 Цар 23,2; Јн 15,26Бидејќи не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори преку вас. 21#Мих 7,6И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат; 22#24,9.13; Јн 15,18.21.25и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен. 23#8,20; 16,28Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите израилевите градови додека дојде Синот Човечки. 24#Лк 6,40; Јн 13,16; 15,20Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар. 25#9,34; 12,24.27; 4 Цар 1,2Доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни!?“
Не плашете се!
(Лк 12,2-7)
26 # Мк 4,22; Лк 8,17 „И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно, што нема да се дознае. 27#Лк 12,3-4Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите! 28#5,29-30; Јк 4,12; 1 Птр 3,14; Откр 2,10И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се повеќе од Оној Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот! 29Не се продаваат ли две врапчиња за еден денар? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец. 30#6,26; Лк 12,24; 21,18; Дела 27,34А вам и влакната на главата ви се изброени. 31Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.“
Јавно признавање на Исуса
(Лк 12,8-9)
32 # 1 Цар 2,30 # Откр 3,5 „И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред мојот Отец, Кој е на небесата. 33#Мк 8,38; Лк 9,26; 2 Тим 2,12А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец, Кој е на небесата.“
Не мир, туку меч
(Лк 12,51-53; 14,26-27)
34 # Лк 2,34; 12,51 „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. 35#Мих 7,6#Мк 13,12Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. 36И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
Како да се биде достоен за Исус
(Мк 8,34-35; Лк 14,26-27; 9,23-24)
37 # 10,37; 19,19; 22,37-39; 5 Мојс 33,9 Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; 38#16,24; Лк 9,23и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. 39#16,25; Лк 9,24; 17,33; Јн 12,25Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, ќе го најде.“
Наградување
(Мк 9,41)
(Мк 9,37.41; Лк 9,48; 10,16; Јн 13,20)
40 # 18,5; Лк 9,48; 10,16; Јн 12,44-45; 13,20; 1 Сол 2,13 „Кој ве прима вас, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил. 41#3 Цар 17,9-24Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда. 42#18,5.10; 25,40; Мк 9,41И кој ќе напои еден од овие безна­чајни само со чаша студена вода во име на ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“

Currently Selected:

Матеј 10: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy