1
Римјаните 6:23
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Зашто платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот.
Compare
Explore Римјаните 6:23
2
Римјаните 6:14
Тогаш гревот не ќе може да владее со вас, затоа што вие веќе не сте му потчинети на Законот, кој би ве подјармил под гревот, туку сте под Божјата благонаклоност, која ве ослободи од Законот.
Explore Римјаните 6:14
3
Римјаните 6:4
Кога се крстивме, ние „умревме“ и бевме „погребани“ заедно со Исус. Па како што Христос потоа воскресна од мртвите со помош на величествената сила на небесниот Татко, така и ние, по крштавањето да зачекориме во еден нов живот.
Explore Римјаните 6:4
4
Римјаните 6:13
Не дозволувајте ниеден дел од вашето тело да стане орудие на неправедноста и да биде во служба на гревот. Предајте Му се на Бог, затоа што животот што сега го имате ви е подарок од Него. Секој дел од вашето тело нека стане орудие на праведноста и нека биде во служба на Бог.
Explore Римјаните 6:13
5
Римјаните 6:6
Сега знаеме дека нашата стара природа беше закована на крстот и умре заедно со Исус, за да му се одземе силата на гревот во нас. Затоа ние веќе не треба да му бидеме робови на гревот.
Explore Римјаните 6:6
6
Римјаните 6:11
Така и вие треба да сметате дека сте мртви за гревот, а заедно со Исус Христос, да живеете за слава на Бог.
Explore Римјаните 6:11
7
Римјаните 6:1-2
Што да кажеме на ова? Треба ли да продолжиме да грешиме, за Бог да стане уште поблагонаклонет спрема нас? Никако! Ние сме веќе мртви за гревот. Како би можеле тогаш да продолжиме да живееме во грев?
Explore Римјаните 6:1-2
8
Римјаните 6:16
Зар не знаете дека на оној на кого ќе му се понудите да му се потчините и да му робувате, негови робови и ќе станете? Можете да му робувате на гревот, а тоа води во смрт, или да Му бидете послушни на Бог и да се здобиете со праведност.
Explore Римјаните 6:16
9
Римјаните 6:17-18
Благодарение на Бог, вие што му бевте робови на гревот, од се срце го прифативте новото учење што Бог ви го даде, и му станавте послушни. Сега, ослободени од вашиот поранешен господар, гревот, вие и станавте робови на праведноста.
Explore Римјаните 6:17-18
Home
Bible
Plans
Videos