1
Римјаните 14:17-18
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Зашто, жителството во Божјото царство не е условено од она што човек го јаде и пие, туку од тоа дали живее праведен живот и дали ги има мирот и радоста што ги дава Светиот Дух. Ако Му служите на Христос со таков дух, ќе му бидете по волја на Бог, а и луѓето ќе ве почитуваат.
Compare
Explore Римјаните 14:17-18
2
Римјаните 14:8
Додека сме живи, живееме за Господ. Кога умираме, умираме за да Му се придружиме на Господ. Живи или мртви, ние Му припаѓаме на Господ.
Explore Римјаните 14:8
3
Римјаните 14:19
Затоа, да се стремиме кон она што внесува мир меѓу христијаните и заемно не изградува.
Explore Римјаните 14:19
4
Римјаните 14:13
Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други! Да се трудиме да не им поставуваме сопки и стапици на другите христијани.
Explore Римјаните 14:13
5
Римјаните 14:11-12
Во Светото Писмо, Господ вели: „Во Себе се колнам, бидејќи Сум вечно жив, дека секое колено пред Мене ќе клекне, секој јазик на Бог ќе Му се исповеда!“ Значи, секој од нас, лично за себе ќе полага сметка пред Бог. Слобода, но и одговорен однос
Explore Римјаните 14:11-12
6
Римјаните 14:1
Прифатете ги оние христијани кои имаат послаба вера, без да ги осудувате за тоа што по одредени прашања имаат поинакво мислење од вас.
Explore Римјаните 14:1
7
Римјаните 14:4
Со кое право осудуваш туѓ слуга!? Единствено неговиот Господар има право да го прифати или да го отфрли. Не грижете се, Господ ќе ги зачува од сериозни грешки. Тој е способен да ги одржи на здрави нозе.
Explore Римјаните 14:4
Home
Bible
Plans
Videos