1
Проповедник 2:26
Свето Писмо (Гаврилова) 1990
Он му дава мудрост, и разум и радост на човека, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, – да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!
Compare
Explore Проповедник 2:26
2
Проповедник 2:24-25
И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов, оти и тоа е од Божјата рака; зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога?
Explore Проповедник 2:24-25
3
Проповедник 2:11
И се обѕрнав, та погледнав на сите мои дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајќи ги: и ете – сѐ беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза под сонцето!
Explore Проповедник 2:11
4
Проповедник 2:10
Што и да посакаа очите мои, не им откажував, не му забравував на срцето свое никаква веселба, бидејќи срцето мое се радуваше со сите мои трудови; и тоа ми беше дел од сите мои трудови.
Explore Проповедник 2:10
5
Проповедник 2:13
И видов, дека предимството на мудроста пред глупоста е токму такво, какво што е предимството на светлината пред темнината
Explore Проповедник 2:13
6
Проповедник 2:14
на мудриот очите му се во главата негова, а глупавиот оди во темнина; но дознав, дека крајот на сите им е еднаков.
Explore Проповедник 2:14
7
Проповедник 2:21
зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, – како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо!
Explore Проповедник 2:21
YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy
Home
Bible
Plans
Videos