Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни ОдновоПримерок

Begin Again

5 ДЕН ОД 7

“Вонредна Состојба” Второто Доаѓање



Кога ќе погледнеме на природните катастрофи околу нас како земјотреси и цунамија, политичка нестабилност и замор, бомбаши самоубијци и терористички напади, лесно е да се почувствуваме дека сме во “вонредна состојба.” Има многу неизвесност во иднината. Но ова го знаеме со сигурност: Исус доаѓа повторно и светот ќе биде уништен од оган.



Како што можеме да посведочиме, нациите објавуваат “вонредна состојба” во разни ситуации, ајде да размислиме дали треба да бидеме во таква “вонредна духовна состојба” додека се припремаме за Второто Доаѓање на Исус!



Во 2 Peter 3:1-13, Петар ни кажува дека ветувањето за Исусовото повторно доаѓање ќе биде исполнето. Што кажува Петар дека ќе и се случи на земјата во 10 стих? Светот ќе биде уништен од оган. Прочитај го повторно 8 стих. Што мислиш дека ова значи?



Според стих 9, зошто Бог чека да го исполни своето ветување да се врати назад и да ја уништи земјата? Поради тоа што Тој не сака ти да исчезнеш. Единствената причина зошто Бог го одложува последниот настан во светската историја е Неговата желба никој да не исчезне, и сите да се покаат.



Прочитај го стих 14. Извесноста за Исусовото повторно доаѓање и уништувањето на светот со оган треба да има влијание на тоа како го живееме секојдневието. Што вели стихот за тоа какви да ни бидат нашите животи? Треба да бидеме чисти, невини и во мир со Него. Ова е нашиот повик, да започнеме одново. Да тргнеме од почеток.



Ако знаеше со сигурност дека повторното доаѓање ќе биде 3 месеци од сега, што би направил различно? Дај некои пример за некои нешта што веројатно би престанал да ги правиш и други нешта кои би започнал да ги правиш.



Прочитај го 14 стих повторно. Како што размислуваш за начинот на кој живееш, кои се тие нешта кои треба да ги направиш за да имаш “мир во врската со Бог”?



Сето ова земено во предвид, дали си соремен да го сретнеш? Доколку не си, јас би почнал да се припремам! Кога ќе слушнеме ваква порака, се случува некои изгубени луѓе да ја земат во предвид опасноста во која се наоѓаат, и да истрчаат кон Бог за да им опрости. Како што не потсетува 10 стих, тој ќе дојде во неочекувано време!



Сега, да ги испитаме нашите срца и ако има некои проблеми кои треба да ги средиме, да ги донесеме пред Исус и да се спремиме за борба. Бидејки Исус доаѓа.



Овие вистини треба да ги размрдаат срцата на Божјите луѓе и да направат да сакаме да дојдеме најблиску до Исус што можеме за во преостанатото време да бидеме употребени да допреме до овој свет. Има многу луѓе околу нас кои никогаш не го примиле Исус како нивен спасител. Можеби ти си тој кој треба да им го покаже ова.



Како што размислуваш за овие работи, со кого мислиш дека Бог сака да разговараш оваа недела? Колку блиски роднини, пријатели, и комшии имаш кои имаат потреба да го запознаат Исус на подлабок начин? Ајде да застанеме сега и да се молиме тивко за нив. Да се молиме за тие луѓе да го запознаат Исус пред Неговото повторно доаѓање и уништување на светот со оган.



Време за Молитва:

Се молиме за тоа да имаме чувство на итност (итна состојба) за фактот дека живееме во последните денови пред Второто Доаѓање и крајот на светот.



Моли се на Бог за да те води оваа недела до луѓето со кои сака да ја споделиме добрата вест за Исус.

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Begin Again

Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми ...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Г-дин Борис Жоакин, Претседател и Шеф на одделот за Снабдување во консултантската куќа Брејктру Лидершип Менаџмент. Тој е професионален тренер и високо-рангиран говорник во програмите за водачи и останати вештини во Филипини. Заедно со неговата сопруга Мишел Жоакин допринесоа со овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.theprojectpurpose.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност