Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни ОдновоПримерок

Begin Again

7 ДЕН ОД 7

Спасителот Самарјанин



Еден спасоносен факт: личност која се дави е најголем непријател на самиот себе. Не им приоѓајте додека сеуште имаат енергија да се борат низ водата. Тие се во состојба на паника, поради тоа, ако ве дофатат може и двајцата да се удавите. Само почекајте да ја истрошат целосно својата сила, бидејки само тогаш ќе ви дозволат да ги спасите. Истово е вистина за сите кои имаат потреба од Спасителот во нивните животи.



Прочитај повторно во Лука 10:25-37. На прашањето: “Што треба да направам за да имам вечен живот?” дали Исус кажа дека за да бидеш спасен доволно е да се биде “добар сосед”? Да бидеш Мајка Тереза? Не, ние не можеме да бидеме оправдани само поради послушност према законот (Читај Римјаните 3:20). Продирот на Исусовото учење беше спроведен преку упорно наведување на Неговите слушатели до неизбежниот заклучок, дека единствената надеж за спасение им е Спасителот.



“Бидете совршени, исто како што е совршен вашиот Небесен Татко.”

(Матеј 5:48)



“Јас сум воскресението и животот. Оној кој верува во мене, дури и да умре, ќе живее.” (Јован 11:25)



“Јас сум патот, вистината и животот. Никој не доаѓа пред Таткото освен преку Мене.” (Јован 14:6)



Во Лука 10: 27 вели љуби го Бог и љуби ги луѓето. Што значи вистински да го љубиш твојот сосед? Несебично, пожртвувано, и спротивно на културата и разумот.



“Оди и прави го тоа.” (Лука 10:37) скоро значи дека треба да го правиме ова без престан. Бог бара од нас ваква врста на љубов – за да бидеме оправдани по Законот. Кој е тој што треба да покаже милост? “Религиозните луѓе” како Свештениците или Левитите?

Твојата религија нема да те спаси! Личноста од која најмалку очекуваш да те спаси, самарјанинот, ке биде твојот Спасител.



Дали некогаш си се почувствувал очаен и отфрлен? Дали си изразил потреба за помош пред Спасителот самарјанин поради причината дека Тој ти е последна надеж?



“Исусе, Сине Давидов, имај милост за мене!” Слепиот Вартимеј

(Марко 10:47)



“О Боже, Ти си мој Бог; горливо Те барам Тебе; мојата душа жеднее по Тебе, моето тело копнее по Тебе, како сува, жедна и безводна земја.”

(Псалм 63:1-2)



Дали познаваш некој кој сеуште одбива да го прифати Христос бидејки Тој е несоодветен одговор за неговите световни и моментални потреби? Некој роднина или пријател по кого посегнуваш долго време. Зошто не се помолиш за него или неа во моментов.



Како личност која поминува низ темни, влажни долини со кибрит во раката. Обиди се како што се обидува и тој, сѐ е премногу влажно за да се запали. Но во моментите кога се молиш, ветрот на Духот почнува да дува и да ја суши влагата. Одеднаш, има промена! Огнот почнува да гори во срцата на локалните мажи и жени – и си го поддаваат едни на други – додека целата долина е пламната од Бог! Ова е важноста на молитвата.

Ден 6

Опис за овој план

Begin Again

Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми ...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Г-дин Борис Жоакин, Претседател и Шеф на одделот за Снабдување во консултантската куќа Брејктру Лидершип Менаџмент. Тој е професионален тренер и високо-рангиран говорник во програмите за водачи и останати вештини во Филипини. Заедно со неговата сопруга Мишел Жоакин допринесоа со овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.theprojectpurpose.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност