Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни ОдновоПримерок

Begin Again

6 ДЕН ОД 7

Добриот Самарјанин



Дозволи ми да ти ја прераскажам приказната во верзија на контекстот во кој е напишана:



Филипинец патува од Манила до Ангелес. Ограбен, тепан, соголен. Покрај него поминува свештеник и пастор. Ниту еден од нив не застанува да му помогне на сиротиот Самарјанин. Во овој момент сватив дека религијата нема да те спаси!



Потоа, се појавува 60 годишен американец со ХИВ Сида, со отворени рани околу устата. Се сожалува за Филипинецот фрлен на страна на патот и му помага. Со кој човек се поистоветуваш? – американецот со СИДА или Филипинецот во дупката покрај патот?



Евреите имаат ниско мислење за Самарјаните – нечисти, неодгледани полоши од болно куче. Културолошки гледано Самарјанин би бил последен што би очекувал да застане и да му помогне на Евреин.



Всушност ако човекот во дупката има малку енергија, би му кажал на самарјанинот, "НЕ! Не ме допирај! Можам да се грижам за себе..." Да го допре некој нечист самарјанин би била последната работа што би ја посакал.



Многу често се случува да биде понудена помош, но исто како и гордиот евреин во дупката, помошта ќе биде одбиена доколку е понудена од самарјанин.





Многу често Бог работи на неочекуван начин преку луѓе кои најмалку ги очекуваме.



Нема да помине многу време пред да разберете дека адвокатот едноставно сватил дека: Јас сум безнадежниот евреин во дупката! Сите мои напори да бидам доволно добар за да го наследам вечниот живот се како валкана парталава облека! Никогаш нема да бидам доволно добар!

Јас сум изгубен случај! Истепан скоро до смрт, ограбен, и соголен.

Освен, ако дојде некој по патот и ме спаси!



Сатаната доаѓа да украде, убие, и уништи, но Исус дојде за ние да може да имаме изобилен живот!



Единствената надеж на овој адвокат за да го наследи вечниот живот е – верата во Месијата, Исус од Назарет. Оној Исус кој би умрел на крст. Дали знаете дека сите кои умирале на крст ги сметале за проколнати? Па како може Спасителот да дојде од проколнат крст?



♥ Тебе ти треба Исус, Спасителот самарјанин кој живее и те оспособува да го љубиш својот сосед како сам себе.



Повик за Акција:

(1) Побарај од Исус спасение уште денес. Тој те чекаше да признаеш дека си безпомошен и безнадежен како тој човек во дупката. Тој дојде до тебе и ти понуди помош, но ти постојано го одбиваше. Но денеска е твојот ден! Побарај го Него! Исусе, Сине Давидов, имај милост за мене! “Секој што ќе го повика името Господово ќе се спаси!” (Дела 2:21)



(2) Побарај од Исус одмор денес. “Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе бе успокојам…ќе најдете мир за вашите души” (Матеј. 11:28-30)

Дозволи му да го истури виното и маслото за прочистување и исцелување. Дозволи му да ти даде одмор – да те натера да си лежиш на зелени ливади.



(3) Побарај од Исус денес да се посветиш себеси на служење и запазување на неговиот повик.

“Жетвата е голема, но работниците се малку. Молете го Господарот на жетвата, да испрати работници на Неговото поле што ќе жнеат. Оди, те испраќам тебе…” (Лука 10:2-3)

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Begin Again

Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми ...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Г-дин Борис Жоакин, Претседател и Шеф на одделот за Снабдување во консултантската куќа Брејктру Лидершип Менаџмент. Тој е професионален тренер и високо-рангиран говорник во програмите за водачи и останати вештини во Филипини. Заедно со неговата сопруга Мишел Жоакин допринесоа со овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.theprojectpurpose.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност