Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни ОдновоПримерок

Begin Again

1 ДЕН ОД 7

Нов Почеток



Сакам да преминам во новата година исто како што сакам да го гледам изгрејсонцето секој нов ден. Верувам дека Бог ги створил овие транзиции за да не потсети дека Тој е Бог на Новите Почетоци.



Бог може да создаде нешто од ништо. Исто како глинени садови, Тој може да направи форма од материјал кој не се оформува. Тој може да го земе твоето скршено, нечисто и осквернавено срце, и да го претвори во срце кое е чисто и полно со добри намери – да го направи повторно целосно!



Исто како во Создавање, каде што Бог зборува во празнината и темнината за да го создаде универзумот, звездите и нашиот свет. Бог го создаде светот преку збор. Бог може да ти зборува и на тебе во темнината, да те промени и припреми за нов почеток.



Дозволете ми во следните неколку дена да ве водам низ лекции за луѓе кои го предале својот хаос на Бог. Луѓе не контролирани од настани, околности, или чувства, луѓе кои потврдуваат дека вистинските правилни решенија, вистинскиот живот, чист и свеж нов почеток, можат да започнат преку Божјиот Син, Исус Христос ( Читајте 1 Коринтијаните 1:30).



Дури и во овој момент, Тој може да ти зборува на сред хаосот во твојот живот и да ти даде нова надеж, нова сила.



Читај Псалм 51:10. Бог сака да те гледа чист, Тој сака да има активна улога во креирање на твоето ново срце и да донесе ред во хаосот во твојот живот. Сѐ што треба да направиш е да бидеш понизен пред него и да му се поклониш.



Кажи, “Создади во мене чисто срце, Боже, и обнови го духот во мене.” Моли се, “Боже, направи нов почеток во мојот живот, во целиот овој хаос, дозволи ми да започнам одново.”



Јас сакам свежи почетоци, исто како и почетокот на читањето на овој план. Уживајте!
Ден 2

Опис за овој план

Begin Again

Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми ...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Г-дин Борис Жоакин, Претседател и Шеф на одделот за Снабдување во консултантската куќа Брејктру Лидершип Менаџмент. Тој е професионален тренер и високо-рангиран говорник во програмите за водачи и останати вештини во Филипини. Заедно со неговата сопруга Мишел Жоакин допринесоа со овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.theprojectpurpose.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност